Крем чорба од пченка

Време е за нови вкусови! Сигурни сме дека досега не сте пробале ваква крем чорба од пченка. Благодарение на Катерина и нејзиниот одличен рецепт, сега сите ќе може да направиме нов рецепт и да го почестиме семејството.

Божиќен ликер 1

Божиќен ликер

Божиќ е еден од најголемите и омилените празници кај нас, посебен ден кога се слави и се споделуваат моменти со семејството. За да ни бидат уште подрагоцени и побогати овие собири, нашата пријателка Тања несебично го сподели најзиниот испробан и проверен рецепт за Божиќен ликер.  

Шпагети со павлака, сирење и корнишони

Знаете ли како ни дојде идејата за овие шпагети со павлака, сирење и корнишони? Ги сваривме шпагетите, а немавме многу време да приготвиме некој убав сос. На работната маса ја забележавме теглата со штотуку отворени  кисели краставички и идејата се роди. Знаеме дека салатите со макарони и корнишони се многу вкусни, па рековме, ајде ќе ја направиме оваа комбинација.

Божиќни колачи од бисквити со тиква

„Овие денови ви предлагам нов рецепт за лесни празнични колачи во знак на новогодишните празници. Накитете ја чинијата со вкусни мали Божиќни колачи кои личат на лампиони. Послужете ги дечињата и внесете ведрина во денот на возрасните!“ – со расположение ни кажа Катерина од нашиот тим.

поховани зденки

Едноставен рецепт за похувани зденки

Похуваните јадења се едни од највкусните и омилени закуски за многу прослави, дружења со семејството и пријателите. Брзо и лесно се прават, а во комбинација со тартар сос, ретко кој може да одолее. Вкусните похувани зденки често се наоѓаат на чиниите за мезе, па еве прилика да споделиме со вас, едноставен рецепт.

Здрава пита со ленено семе и сончоглед

Здравјето е најважно! Сигурно се сложувате со нас, штом сте тука да го прочитате рецептот за здравата безглутенска пита со ленено семе и сончоглед која ја приготвивме во нашата кујна. Питата ја креиравме сосема случајно, а резултатот беше одличен, па затоа рецептот го споделуваме со сите.

рецепти за торти

13 избрани рецепти за торти за новогодишната трпеза

Новата година ни е на прагот и веќе се прашуваме каква торта да се направи, како да се украси… За да ви ја олесниме потрагата по убава и вкусна торта, а рецептот да ја испробан, направивме листа од 13 рецепти за торти за новогодишната трпеза, кои ги поделивме во три категории. Кремасти и сочни торти без печење, популарни торти со многу крем и највкусните чоколадни торти. Изберете торта по ваш вкус, декорирајте ја по желба и уживајте во празниците.

Ролнички од краставици со кремаст бел фил 1

Ролнички од краставици со кремаст бел фил

За да го направите овој рецепт не ви е потребна посебна стручност, ниту е неопходно да користите специфични количини на состојки. Прекрасните и декоративни ролнички од краставици се идеални за трпезата да биде прекрасна!

Посен намаз од кикиритки и семиња 1

Посен намаз од кикиритки и семиња

Штом ја погледнавме фотографијата почувствувавме дека е неодоливо вкусно и здраво, а откако ги прочитавме состојките се уверивме дека е така! Кате ни предложи фантастичен рецепт за посен намаз од кикиритки и семиња, едноставно одличен е!

vanilla latte 1

Рецепт за Vanilla Latte кафе

Специјално за обожавателите на кафе и неговите безбројни варијации! Ако сте во потрага по најдобар начин како да го започнете денот, имаме супер предлог, а тоа е Vanilla Latte кафе со ванила во прав. Што значи ова? – Значи супер вкусен пијалок за витка фигура и кафе кое топи калории!

Рецепт за лазања со сос од црвено вино и бешамел 1

Рецепт за лазања со сос од црвено вино и бешамел

Кога ќе се спомне за ова јадење сите знаеме да се насмееме со радост и нетрпение додека го пробаме тој вкус. Има разни рецепти, а ние ви претставуваме еден гурмански и сепак едноставен рецепт за лазања со сос од црвено вино и бешамел. Комбинацијата на вкусовите е уникатна, а ќе знаете само ако си ја направите дома!