Сакате да имате убава, свежа и одморена кожа, без отоци и темни кругови околу очите? Тогаш оваа хранлива маска за лице со кафе и какао е сѐ што ви треба.

Сите добро знаеме за неговото поволно влијае на целокупното здравје, а при тоа, секој би помислил на вообичаениот начин, да се напие чаша чај. – А, запознаени ли сте за здравствената вредност на зелениот чај за телото преку козметичка употреба? Што би рекле за идејата наместо да го пиете, да направите купка од зелен чај?
Сувата кожа е секогаш проблематична, а посебно тоа се истакнува кога времето заладува. Во раната есен се појавуваат првите знаци, а со навлегувањето во зимскиот период кожата станува уште полесно иритабилна, се вцрвенува, чеша и на изглед се забележуваат „лишаи“. Лицето и рацете се првата „мета“. Ако се пронаоѓате или познавате некој кој има вакви непријатности, препорачајте му да ја прочита нашата домашна и природна маска за нега на сува кожа од само 2 состојки.
За да ги зачуваме здравјето и убавината неопходно е да се храниме здраво, а секојдневната исхрана да изобилува со овошје и зеленчук. Доколку сакаме да го одржиме нашето телесно здравје, да бидеме витки и да зрачиме со чиста, сјајна и здрава кожа, експертите препорачуваат секој ден да го започнеме со јаболко. Но, може да се искористат и на друг начин. Направете природни третмани со јаболко и имајте совршена, убава кожа.
Зараснатите или уште познати како поткожни влакна, се прилично застапен проблем, а се јавуваат како резултат на пречесто бричење или депилација. Сами по себе, се непријатна појава, а често може да доведат до посериозни последици. За среќа, постојат многу природни и домашни третмани против поткожните влакна кои зараснуваат во кожата, па издвоивме мал дел од нив.
Сѐ што ви е потребно во борбата против целулитот може да го пронајдете во вашата кујна. Кој би рекол нели? – За почеток подгответе чаша зелен чај, бидејќи најновите истражувања покажаа дека овој напиток помага во елиминацијата на „ кожата од портокал“. А во продолжение, прочитајте за некои од најдобрите совети кои ќе ви овозможат да имате тело без целулит какво што отсекогаш сте посакувале.
Ако често пати се запрашувате како да ја одржите кожата свежа, хидрирана и со здрав сјај, сега може да ви одговориме дека тоа е лесно! Како љубители на домашната и природната нега, ја пробавме зелената глина за надворешна употреба на Виталиа и задоволни од нејзиниот ефект споделуваме повеќе информации за нејзината корист.
Ве чеша кожата, имате црвенило кое печи и не знаете како да се справите со него? – Голема е веројатноста дека станува збор за непријатната и упорна егзема. Рацете се една од најчестите критичните точки на кои се појавува. Со оглед на тоа што бројот на лица кои се соочуваат со овој проблем е навистина голем и многумина се обратиле за помош, денес ќе се задржиме конкретно на мерките за постигнување и одржување на здравјето на кожата без егзема на рацете.
Бадемите се мошне хранливи намирници кои треба секојдневно да се присутни на нашето мени. Тие не само што се добри за нашето здравје, туку се корисни и за убавината на кожата. Не треба да се заборави и маслото кое има бројни благодети, а во продолжение дознајте како да направите домашно бадемово масло за нега на кожа.