Вкусни, меки, воздушести! Ви откриваме рецепт за панцероти со мелено месо, повкусни и од оние во пекарниците. Идеални за појадок со чаша јогурт, за мезе со пријателите или вкусна вечера! Не двоумете се да ги пробате.
Традицијата вреди да ја зачуваме и продолжиме! А традиционалните рецепти кои се пренесувале од генерација на генерација се оние најубавите и највкусните, нели? – Со големо задоволство, нашите пријатели Alfa-Plam споделуваат баш таков рецепт за јагнешка капама со спанаќ! Тие велат: „Ова е традиционално јадење кое најчесто се подготвува за велигденските празници. Вообичаено се прави со јагнешко месо и спанаќ, но може да се комбинира и со друг вид на месо. А бидејќи сега преку целата година имаме спанаќ и блитва, капамата може да ја направите кога ќе посакате.“
Повторно ви откриваме специјалитет од интернационалната кујна. Овојпат, кулинарски патуваме во Војводина. Војводина е позната по фантастичните специјалитети, јадења со пикантен вкус, кои никого нѐ оставаат рамнодушен. А, овие вкусни и сочни свински шницли во сос од бело вино сигурно ќе бидат ваше омилено јадење.
Готвењето месо понекогаш може да биде предизвик, особено ако немате доволно кулинарско искуство. Вкусот зависи пред сѐ од квалитетот и видот на месото, зачините што ќе ги додадете, маринадата и начинот на кој го подготвувате. Секогаш е добро да се знае повеќе, а искусните готвачи споделуваат 4 трикови со кои приготвеното месо ќе биде сочно и меко. Ајде да видиме кои се тие!
Ако сте љубител на пилешко месо, имаме одличен рецепт за вас, пилешки прсти похувани во смеса од брашно и пиво! Одлични се за мезење со друштво. Имаат лесна подготовка, па не мора да поминувате многу време во кујната. Направете го и поканете ги пријателите да го следите фудбалскиот натпревар и да навивате за вашата омилена репрезентација!
Ролованите свински увијачи се секогаш добредојдени на трпезата. Нивната подготовка е лесна и понекогаш може да си дозволиме ваков вид гурманско задоволство. Можете да ги подготвите со пилешко, говедско или свинско месо. Ние се одлучивме за печени роловани увијачи од свинско месо, кои можете да ги послужите со пире од компири, помфрит или зеленчук.
Меленото месо е едно од најлесните за подготовка и може да се каже дека не постои домаќинство во кое често не се употребува. Токму затоа, во оваа прилика ќе ви го зголемиме кулинарското знаење. Уживајте во вкусните ќофтиња од мелено месо со одличен квалитет, а за тоа ќе ви помогнат овие наши едноставни, но многу корисни совети.
Секојдневието на сите нас е полно со разни убави поводи и прослави, чести семејни собири и дружби со пријателите. Да се спрема вкусна храна во доволни количини, секогаш е предизвик, а посебно кога станува збор за главното јадење. – Па, како да знаеме која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице?