печени роловани шницли

Печени свински увијачи

Ролованите свински увијачи се секогаш добредојдени на трпезата. Нивната подготовка е лесна и понекогаш може да си дозволиме ваков вид гурманско задоволство. Можете да ги подготвите со пилешко, говедско или свинско месо. Ние се одлучивме за печени роловани увијачи од свинско месо, кои можете да ги послужите со пире од компири, помфрит или зеленчук.

Пред да ви го кажеме рецептот за увијачи од свинско месо, ќе ви споделиме неколку корисни совети за печење на месото.

печени роловани шницли од свинско месо

Секогаш користете свежо свинско месо

Свежото месо има побројни придобивки во споредба со замрзнатото. Најважно од сѐ е тоа што е похранливо, текстурата е подобра, маринадата полесно се впива, а при печењето, месото ќе остане меко и сочно. Изборот на квалитетни состојки е клучен за подготовка на свинските увијачи, а кога сме кај свежото свинско месо и месни преработки ги препорачуваме Агриа. Во нивните месарници во Битола, Штип и Велес, како и во Тинекс и Рамстор маркетите секој ден може да најдете свежо месо од домашно производство кое се должи на принципот „од нива до трпеза“. Долгогодишното искуство и постојаниот квалитет ги прават Агриа еден од најдобрите македонски производители на свинско месо.

Свинското месо ставете го во солена вода за време од 1 час пред печењето

Европските готвачи препорачуваат пред печење месото да се потопи во маринада или уште поедноставно во солена вода.

Сакате сочно месо? – Печете го на ниска температура

За совршено сочно месо многу важен е и процесот на печење. Печењето на месото треба да биде на ниска температура и да се печи што подолго време, но многу е важно тоа да е во поклопен сад или затворено со фолија. Ако сакате месото да добие убава златна нијанса, пред крајот на печењето, 10-15 минути, садот се отвора и температурата се покачува.

Состојки:

  • 300 г свински шницли од Агриа
  • 150 г ленти сланина од Агриа (може да се набави во нивните месарници)
  • 150 г шунка или печеница сечкана на ленти
  • 100 г сечкан кашкавал во листови
  • песто сос или рендани кисели краставички по желба
  • сол и зачини по вкус.

Подготовка:

  1. Покријте ги шницлите со најлонска фолија и израмнете ги со помош на кујнски чекан.
  2. Потоа, посолете ги и зачинете ги по вкус.
  3. Во средината на секоја шницла ставете едно парче печеница или шунка и едно парче кашкавал. Додајте рендани кисели краставички или песто сос и завиткајте ги во ролат.
  4. Секој увијач завиткајте го со тенко исечена сланина.
  5. Вака подготвените свински увијачи наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, додека поруменат.
  6. Послужете ги топли со прилог по желба. На здравје!

Идеи плус:

  • Ако времето е топло ви предлагаме да направите скара. Свинските увијачи испечете ги на скарата за време од 10-15 минути, додека поруменат.
  • Ако немате доволно време за подготовка, може да порачате и готова скара од Агриа. Достапна е на две локации: ул. Гоце Делчев бр.28 – Кај судот во Велес, контакт телефон 072/212-966 и 043/223-323; и ул. 3-та Кумановска ударна Бридага бр.22 – Кај жаба зграда во Велес, контакт телефон 071/217-563, 072/212-982 и 043/254-443.
  • За сите прашања околу подготовката, пишете ни. Штом ги направите, ќе ни биде мило да го споделите вашето мислење и фотографија во групата Сѐ за храна. За сите новости посетете ја веб страницата на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.
свински увијачи

Ви предлагаме да прочитате: Полнето свинско месо со печурки.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: