Печено свинско каре со сланина

Рецепт кој нѐ остави без коментар! За љубителите на свинско месо имаме одличен предлог. Печено свинско каре кое лесно се подготвува и е супер предлог за богат ручек или вечера со семејството.

Ако сте во потрага по нов, а лесен рецепт со кој ќе ги изненадите пријателите кои ги очекувате на вечера, ова е идеална прилика за вас. Овој рецепт за печено свинско каре е едноставен и без многу состојки, па секој може да го подготви.

свинско каре

Состојки:

  • 500 г свинско каре
  • 10 танко исечени ленти сланина
  • 2 лажици мед или јаворов сируп
  • маслиново масло
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Свинското месо оставете го да се одмрзни во фрижидер за време од неколку часа или преку ноќ.
  2. Одмрзнатото свинско месо зачинете го со сол и црн пипер по вкус. Потоа, ставете го во тава со загреано масло и кратко пропржете го од сите страни.
  3. Откако месото ќе порумени, тргнете ја тавата од огнот.
  4. Лентите сланина наредете ги една до друга на работната површина. Ширината на сланината треба да биде доволна за да го завиткате свинското каре.
  5. Со помош на кујнски нож, месото ставете го врз лентите сланина и внимателно завиткајте го. Ако користите помали парчиња свинско каре, секое од нив завиткајте го со сланина.
  6. Вака подготвеното свинско месо ставете го во тава за печење. Премачкајте го со мед или јаворов сируп и ставете го во загреана рерна на 200 степени. Печете 15-20 минути.
  7. Извадете го месото од рерна и со кујнска четка премачкајте го со течноста од тавата. Потоа, повторно ставете го да се печи. Постапката повторете ја 2-3 пати за време на печењето.
  8. Откако месото ќе се испечи и ќе добие убава боја извадете го од рерната и оставете го да се излади.
  9. Свинското каре исечете го на парчина и послужете го со чаша вино. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Свинско каре во сос од шампињони.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: