ванила куглоф

Ванила куглоф

Ви предлагаме едноставен рецепт за подготовка на ванила куглоф.

Направен со љубов и најдобрите состојки, за вкусно уживање на целото семејство.

ванила куглоф

Состојки:

  • 500 г брашно
  • 400 г шеќер
  • 250 г путер на собна температура
  • 4 јајца
  • 300 мл млеко
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • кора од лимон и портокал
  • ореви и кандирано овошје по желба.

Подготовка:

  1. Во сад за матење се ставаат шеќерот и путерот. Се матат убаво со миксер.
  2. Потоа во садот со путерот и шеќерот се додаваат останатите состојки. Се продолжува со матење додека се добие хомогена смеса.
  3. Смесата за колач се става во претходно намрсен и набрашнет калап за куглоф.  Колачот се пече во загреана рерна на 200°С, за време околу 15 минути, а потоа температурата се намалува на 150°С и се пече дополнителни 35-45 минути.
  4. Печениот ванила куглоф се остава да се излади, а потоа се вади од калапот. Се наросува со шеќер во прав по желба и се сече на парчиња. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Колач со кандирано овошје.

Сподели: