krem supa od karfiol

Едноставна крем супа од карфиол

Иако е едноставна, оваа супа е превкусна! За денешниот ручек направете мала промена на менито и пробајте ја нашата крем супа од карфиол.

Рецептот ни го испрати нашата драга Емили, а таа вели: „Супава ми е една од омилените и често се наоѓа на нашата трпеза. Во зависност од желбата на домашните, можете истата да ја подготвите и со половина брокула и така е превкусна, или исто наместо карфиолот припремете ја со брокула! Здраво и вкусно. Добар апетит!“

крем супа од карфиол

Состојки:

  • 1 карфиол (средна големина)
  • 1 главица кромид
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • вода по потреба
  • масло по потреба.

Подготовка:

  1. Кромидот ситно исечкајте го.
  2. Карфиолот исечете го на цветови и измијте го. Потоа, ставете го во цедилка.
  3. Во тенџерето во кое ќе ја правите супата, ставете малку масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го сечканиот кромид. Пржете со постојано мешање, додека кромидот порумени.
  4. Во тенџерето додајте го карфиолот и измешајте. Оставете го карфиолот кратко време да се динста.
  5. Потоа, во тенџерето налејте вода и додајте ја коцката за супа. Оставете ја супата да се вари за време од 15 до 20 минути на тивок оган.
  6. Варете ја супата додека карфиолот омекне.
  7. Со рачен блендер миксирајте го карфиолот додека добиете хомогена смеса. Доколку немате рачен блендер, тенџерето тргнете го од огнот и оставете ја супата кратко време да се излади. Потоа, ставете ја во блендер и миксирајте додека се добие густа супа.
  8. По потреба додајте вода. А еве еден супер трик од Емили за да препознаете дали сте направите добра крем супа. Измешајте ја супата со лажица. Превртете ја лажицата, а ако на долната страна сеуште има  супа, значи сте ја погодиле конзистенцијата и дури најголемите готвачи ќе ви завидат.
  9. По желба, готовата крем супа од карфиол декорирајте ја со сос направен од магдонос, маслиново масло, сол и црн пипер. На здравје!

Рецептот го испратил: Емили Стојановски.

Ви предлагаме да прочитате: Како да подготвите безглутенски „ориз“ од карфиол?

Сподели: