Лесен и брз рецепт за ќофтиња од тиквички 1

Лесен и брз рецепт за ќофтиња од тиквички

Секој рецепт кој е едноставен и брз, па уште и вкусен е неизбежно да го испробаме на нашето мени! Штом ќе ги погледните ќе ве освојат, превкусни се овие ќофтиња од тиквички!

Рецептот е испробан и фотографиран од нашата пријателка Лана, а ние и веруваме и знаеме дека нема да згрешиме со предлогот. Уживајте додека се топли!

Лесен и брз рецепт за ќофтиња од тиквички 2

Состојки:

  • 1 поголема тиквичка
  • 2 јајца
  • 75 гр брашно
  • 75 гр гриз
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка прашок за печиво
  • 50 гр рендано тврдо сирење (кашкавал, пармезан).

Подготовка:

  1. Тиквичката измијте ја, излупете ја, изрендајте ја и посолете ја, па оставете ја да стои малку.
  2. Јајцата изматете ги и измешајте ги со брашното и гризот, а потоа додајте малку сол и прашокот за печиво.
  3. Тиквичките добро исцедете ги и измешајте ги со смесата од јајца, брашно и гриз.
  4. На крајот, додајте го ренданото тврдо сирење и добро измешајте.
  5. Во тава на оган загрејте масло, па со помош на лажица спуштајте по малку од смесата во врелото масло. Пржете кратко, од двете страни, додека ќофтињата заруменат.
  6. Ќофтињата извадете ги на кујнска хартија за да го впие вишокот масло, а потоа послужете ги топли со прилог од свежа сезонска салата.

Ви препорачуваме да прочитате: Ќофтиња од тиквички и бајат леб.

Сподели: