pile so krckava kora

Топ совети за да испечете пиле со крцкава кора, секој пат!

Печењето без крцкава кора е исто како небо без ѕвезди. А целта е да се постигне контраст во текстурата и вкусот, односно да се добие крцкава кора која е карамелизирана и слатка а месото е меко и сочно. Па, како да приготвите печено пиле со крцкава кора, баш секој пат?

Ви откриваме неколку мали тајни од искусните готвачи кои ги користат за подготовка на печено пиле, мисирка или патка.

пиле со крцкава кора

Добро исушете ја кожата, за да добиете печено пиле со крцкава кора

Прво, ако добро ја исушите кожата пред печењето, ќе постигнете добар резултат. Пилето може да го оставите во непокриен сад преку ноќ во фрижидер, за да може кожата добро да се исуши.

Може да ве интерсира: Како да подготвите совршено печено пиле?

Со помош на кујнска игла изгребете ја кожата на неколку места

Другата техника е малку покомплицирана. Кожата на пилето изгребете ја со кујнска игла, на неколку места. Притоа, не внимавајте да ја не ја продупчите, туку со брзи потези поминете низ кожата. Можеби ова ви звучи малку необично, но во принцип е исто кога печете поголемо парче на црвено месо со кожа. Сигурно од искуство знаете дека тогаш се расекува на неколку места за да може маснотијата да се истопи, а кората да стане крцкавата.

Секако, кората на пилето или патката е поосетлива од свинскиот бут, па затоа наместо со нож, оваа постапка направете ја со кујнска игла.

Печете на ниска температура и полевајте го месото на секои 15 минути

И последно, но многу важно е пилето да го печете на релативно ниска температура и секако да ја искористите течноста која се испуштила за време на печењето. Со неа, поливајте го месото на секои 15 минути.

А вие знаете ли некои други трикови за подготовка на пиле со крцкава кора?

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за домашно печено пиле.

Сподели: