Ароматичниот пашканат како зачин и лек

Пашканатот најчесто е познат како зеленчук кој се користи како зачин за подготовка на супи. Но, дали сте запознаени со лековитите својства на ароматичниот пашканат? Тој го подобрува апетитот, работата на бубрезите и помага за намалување на крвниот притисок.

Хранлив состав и лековити својства на пашканатот

Генерално, пашканатот содржи повеќе шеќер од морковите, ротквиците и репата. Во 100 грама пашканат има 75 калории, слично како и бананата и грозјето. Како и да е, неговиот сладок, сочен корен е богат со фито-нутриенти, витамини, минерали и растителни влакна.

пашканат

Тој е еден од најдобрите извори на растворливи и нерастворливи растителни влакна. Во 100 грама пашканат има 4.9 мг, со што се задоволуваат 13% од дневните потреби на организмот за растителните влакна. Исхраната во која оптимално се застапени растителните влакна, помага за намалување на холестеролот во крвта, спречува појава на констипација (запек) и дебелина.

Како и морковите, пашканатот е добар извор на антиоксиданси. Некои истражувања потврдија дека овие состојки имаат антивоспалителна, антифугална и антиканцерогена улога и го штитат организмот од канцер на дебелото црево и акутна лимфобластна леукемија.

Свежиот корен е добар извор на витамин Ц. Витаминот Ц е моќен антиоксиданс, особено доколку се зема од храната. Тој помага во одржување на здраво сврзно ткиво, заби и непца. Благодарение на неговите антиоксиданти карактеристики, го штити организмот од заболувања и канцер кои се предизвикани од штетните слободни радикали.

Покрај витамин Ц, пашканатот е богат со витамините од Б групата, како фолната киселина, Б6, тиаминот и пантотенската киселина, а исто така и витамините К и Е.

Во дополнение, тој содржи железо, калциум, бакар, калиум, манган и фосфор. Како резулат на поволниот хранлив состав, тој е моќен диуретик и може да се користи за регулација на високиот крвен притисок. Штом се користи како додаток во храната, има својство да го поттикнува апетитот.

Пашканатот содржи еден посебен алкалоид кој поради неговото латинско име (Pastinaca sativa) е наречен пастинацин. Таа состојка ги отстранува болките во градите кои се последица на запушените крвни садови кои го хранат срцевиот мускул.

Како се употребува пашканатот во исхраната?

Освен свеж, пашканатот се користи и во сушена форма, и како таков може да се најде во маркетите. Пашканатот се одгледува како и морковот, магдоносот и останатиот коренаст зеленчук. Може да се користи во салати, супи и манџи. Еве три рецепти со пашканат:

Ви предлагаме да прочитате: Морков – супер храна која го помага слабеењето.

Сподели: