Безглутенска проја со блитва и сирење 1

Безглутенска проја со блитва и сирење

Безвременски рецепт кој освојува секој пат и во секоја варијанта! Оваа безглутенска проја со блитва и сирење нема ниту малку бело брашно, а превкусна е! Ги обожаваме ваквите залчиња, а што е најважно секогаш ги делиме со пријателите и ги дегустираме заедно за уживањето да е уште поголемо!

По желба блитвата можете да ја замените со спанаќ или зелје, зависно од сезоната. Проичкава е вкусна за секого и погодна за секаде, направете ја и уживајте.

Безглутенска проја со блитва и сирење 2

Состојки:

  • 1/2 – 2 чаши пченкарно брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 2 грста сечкана блитва
  • 300 гр сирење
  • 1 лажиче сол
  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 50 мл масло.

Подготовка:

  1. Прво припремете ја блитвата. Измијте ја и исечкајте ја поситно.
  2. Сирењето изрендајте го и додајте го во садот со сечканата блитва.
  3. Тавата со големина бр 30. обложете ја со хартија за печење.
  4. Јајцата матете ги со миксер додека се претворат во густ крем и се познава убава трага од маталките.
  5. Потоа во садот со матените јајца додајте го јогуртот, маслото и малку промешајте со лажица.
  6. Додајте ги пченкарното брашно и печивото, па убаво измешајте со лажица.
  7. Додајте ги блитвата и сирењето и по потреба малку посолете.
  8. Добро измешајте со лажица, а потоа смесата турете ја во претходно обложената тава со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени, за време од 20-30 минути или додека зарумени. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате:  Безглутенска солена торта со урда и зеленчук.

Сподели: