брза посна салата со макарони мала

Брза посна салата со макарони и златна мешавина

Оваа брза посна салата ја правам за секоја посна славска трпеза или именден. Брза и превкусна, а се прави само со неколку состојки. Од наведените состојки ќе добиете една голема длабока чинија со салата, а по желба може да ги зголемиш состојките. 

Накратко, свари ги макароните и златната мешавина, додај сечкани корнишони и посен кашкавал, измешај со посен мајонез и тоа е тоа! 

Брза посна салата рецепт на Марија Кочовска

Состојки:

  • 200 грама посни макарони
  • 200 г сварена златна мешавина (грашок, пченка, морков)
  • 5 кисели краставички
  • 100 грама Vegan Natura од Млекара Тетово (посен производ за замена на кашкавал)
  • 2-3 лажици посен мајонез
  • сол по вкус.
посна салата со макарони состојки

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете 2 литри вода да се вари. Штом водата ќе зоврие, во тенџерето додај ги макароните да се варат. Варете ги околу 7-10 минути, со повремено мешање во зависност од упатството. Варените макарони исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода, повторно исцедете ги и оставете ги да се изладат.
  2. Киселите краставички и кашкавалот исечкајте ги на коцки.
  3. Во длабок сад ставете ги макароните, сварената златна мешавина, киселите краставички, кашкавалот, мајонезот, посолете по вкус и добро измешајте ги состојките. Послужете и на здравје!

Совети плус:

  • За подготовката го користев новиот Vegan Natura – посен производ за замена за кашкавал. Има убав вкус и совршено се вклопува во салата. Може да се најде во поголемите маркети, како Tinex, Vero или Жито Маркет. 
  • Приготвената брза посна салата со макарони може да ја приготвите и еден ден однапред, само што треба да ја чувате во фрижидер.
брза посна салата со макарони

Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Може да те интересира: Кинеска салата со ориз.

*Рецептот е овозможен од Млекара Тетово.

Сподели: