Искористете го слободното време да бидете со најблиските, наместо да го поминувате во кујната и со часови да приготвувате различни јадења. Празничната трпеза збогатете ја со чоколадна салама која може да ја направите за 10-тина минути.
Рецептот го направи Марија од нашиот тим и топло ви го препорачуваме да го пробате за време на празниците. Подготовката е едноставна и ги повикуваме дури и оние неискусните во кујната, да се охрабрат и да го пробаат овој рецепт. Богатиот вкус на чоколадо, аромата на ванила и желе бонбоните ја надополнуваат слатката магија.

Состојки:
- 100 мл вода
- 1 лажица шеќер во прав од Витаминка
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 100 грама Синтагма – какао крем за торти (чоколадо за готвење)
- 200 грама мелени бисквити (препорачуваме да користите Мини Тина или Мелоди)
- 200 грама сечкани желе бонбони
- шеќер во прав за декорација.
Подготовка:
- Водата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во тенџере на оган. Повремено мешајте ги за да се растопи шеќерот.
- Штом шербетот ќе зоврие тенџерето тргнете го и додајте 100 грама Синтагма претходно искршена на коцки. Мешајте за да се растопи чоколадото.
- Во тенџерето додајте ги мелените бисквити и сечканите желе бонбони. Измешајте за да се добие хомогена смеса.
- Врз најлонска фолија ставете ја смесата. Обликувајте ја во форма на салама. Чоколадната салама ставате ја во фрижидер за време од 1 час. Извадете ја од фолијата, поросете ја со шеќер во прав и исечете колачи. Уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Совет плус:
- Ако сакаш да приготвиш празнична трпеза и ти требаат идеи и испробани рецепти посети го мојот профил на Instagram – @kocovska.marija или Facebook и заследиме. Празничната магија и рецепти само што започнаа!
Автор на рецепот и фотографиите: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Празнични бомбици со бело чоколадо и лешници.
*Комерцијален рецепт.