brzi tortelini 1

Брзи домашни тортелини со сирење и спанаќ

Сите обожаваат тестенини, па уште ако се домашни и со фил сигурни сме дека никој нема да има никаква забелешка. Иако, најчесто на сите ни е полесно да купиме готови тестенини, на страницата на нашата пријателка Лана најдовме супер рецепт за брзи домашни тортелини со сирење и спанаќ!

Кремасти, сочни  вкусни. Така би ги опишале овие тортелини. Иако можеби ќе ви одземат малку подолго време за нивната подготовка за разлика од купечките тортелини, вкусот е неспоредливо подобар. Пробајте ги и уверете се.

brzi tortelini 2

Состојки:

За тесто:

  • 300 г брашно
  • 3 јајца
  • вода по потреба

За фил:

  • 150 г свежо сирење
  • 100 г спанаќ
  • 1 лажица павлака
  • сол по вкус

За сервирање тортелини (за 3 порции):

  • 300 г тортелини со сирење
  • 300 мл млеко
  • 100 г топено сирење (зденки)
  • сол и црн пипер по вкус
  • пармезан
  • свеж магдонос или власец.

Подготовка:

  1. Од јајцата и брашното замесете цврсто тесто. По потреба може да додадете и малку ладна вода.
  2. Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да одмори барем 1 час, а може и подолго.
  3. Потоа, тестото развлечете го во тенка кора и со назабен нож исечете го на квадратчиња со еднаква големина.
  4. Потоа, направете го филот. Во длабок сад додајте ги свежото сирење, сечканиот спанаќ и 1 лажица павлака. Добро промешајте за да се поврзат сите состојки.
  5. На секое квадратче тесто, нанесете по една лажичка од вака подготвениот фил.
  6. Потоа, секое квадратче преклопете го, така што ќе добиете триаголник, па обликувајте ги тортелините околу прстот.
  7. Вака подготвените тортелини варете ги во солена вода неколку минути и извадете ги со помош на решеткаста лажица веднаш штом ќе испливаат на површина.
  8. Откако ќе ги сварите тортелините, загрејте го млекото и во него додајте го топеното сирење. Може да комбинирате сирење со повеќе вкусови по ваша желба.
  9. Додајте сол и црн пипер по вкус. Мешајте додека сирењето се растопи во целост.
  10. Со вака подготвениот фил прелијте ги претходно сварените тортелини.
  11. Поросете ги со малку рендан пармезан и свеж магдонос или власец. Послужете ги додека се топли и на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Тортелини во кремаст сос со печурки и ореви.

Сподели: