Нов, супер вкусен рецепт за подготовка на тортелини во кремаст сос со печурки и ореви! Ни доаѓа од кујната на Диана. Толку убаво изгледаат, што можеби ќе помислите дека рецептот може да го направат само оние поискусните во кујната. Но, тоа не е така!
Подготовката на тортелините и кремастиот сос е навистина едноставна и вреди да се проба.

Состојки:
- 500 грама тортелини со спанаќ
- 2 лажици масло или путер
- 250 грама свежи или маринирани печурки
- ¼ чаша сечкани ореви
- 1 чаша течна неутрална павлака
- ¼ мала лажичка црвена пипер
- ¼ чаша пармезан
- 1 мала лажица нишесте
- ¼ чаша течност во која се вареа тортелините
- ¼ чаша магдонос
- 1 лажица млад лук по желба.
Подготовка:
- Тортелините се приготвуваат во согласност со препораките наведени на пакувањето. Откако ќе се сварат се цедат, а дел од течноста се става во сад на страна. Цедените тортелини се ставаат на топло место.
- Печурките се мијат и се сечкаат на половина.
- Во голема тава на оган, на средна температура се ставаат 2 лажици масло или путер. Штом маслото се загрее, во тавата се ставаат печурките да се пропржат, додека добијат златеста боја. Потоа се додаваат оревите и кратко се пропржуваат.
- Во тавата се додаваат течната павлака и нишестето измешано со водата во која се вареа тортелините. Температурата се намалува на тивко и се остава сосот да се вари околу 5 минути.
- Сосот се посолува, зачинува со мелен црн пипер и се додава пармезанот. Се меша со жица за матење додека сосот се хомогенизира. Потоа, тавата се трга на страна.
- Топлите тортелини се прелеваат со сосот и се служат со сечкан магдонос, сечкан млад лук и црн пипер по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Домашни тортелини во сос од сланина и пармезан по италијански рецепт.