„Дали сте спремни за нов есенски десерт? – Ги обожавам есенските вкусови, па од таму се роди и идејата за овие брзи и здрави мафини со јаболка и цимет. Одлични се за појадок или ужина, но и како десерт во комбинација со вашето омилено кафе. Имаат мека текстура и не се премногу благи, а јаболката им даваат убава сочност. Најважно од сѐ, се прават со едноставни состојки и тоа за помалку од 10-тина минути! Нема матење со миксер, користење на многу садови, а домот ќе замириса на ванила, печени јаболка и цимет.
Без глутен, без шеќер и без млеко, се одличен предлог за сите кои практикуваат режими на исхрана, имаат интолеранција или се хранат здраво. Па, ако сакате да се почестите со здраво слатко задоволство за појадок или ужинка, направете ги овие мафини. Превкусни се и гарантирам дека ќе им се допаднат на целото семејство.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник на нашиот сајт.
Состојки за 6-8 мафини:
- 2 јаболка
- 2 јајца
- 2 чаши Natura фини овесни снегулки
- 1/4 чаша масло
- 1/4 чаша сируп од урми или друг засладувач (мед, Natura кафеав шеќер…)
- 1 лажичка Fantasia прашок за печиво
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка Fantasia цимет.
Подготовка:
- Јаболката излупете ги и изрендајте ги.
- Во блендер ставете ги јајцата, ренданите јаболка, маслото, сирупот од урми, овесните снегулки, прашокот за печиво, ванилата и циметот. Миксирајте додека состојките се соединат.
- Во силиконски калапи за мафини ставете ја смесата и декорирајте со овесни снегулки. Печете во загреана рерна на 180 степени за време од 15 до 20 минути.
- Мафините оставете ги кратко да се изладат, а потоа извадете ги од калапите. Послужете ги штом се изладат за појадок или слатка ужина. Состојките и подготовката погледнете ги на видеото:
Совети плус:
- Ренданите јаболка може да ги издинстате, а потоа да ги додадете во смесата.
- Наместо сируп од урми, може да искористите кафеав шеќер, мед, јаворов сируп…
- Прашокот за печиво може да го замените со сода бикарбона.
- Ако користите метален калап за печење, намрсете го или поставете хартиени корпици за печење мафини.
- Ако имате алергија на глутен, користете овесни снегулки без глутен.
Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви препорачуваме да прочитате: Брз чоколаден мус без јајца.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е подджан од Натура.