Повкусни и поедноставни нема! Пробајте ги овие брзи посни бомбици со банани и бисквити. Кога ви се каснува нешто благо или пак кога децата сакаат да помогнат во кујната и готвењето, овој рецепт е супер предлог во кој сите уживаат.
Често ги правиме, а може да бидете и креативни, па да додадете и други состојки кои ќе го надополнат вкусот. Плус тоа, може да ги замрзнете и да ги послужите по потреба.

Состојки:
- 2 зрели банани
- 50 гр шеќер во прав
- 100 гр кокос
- 100 гр мелени бисквити
- 1 лажица какао
- 50 грама сечкани ореви по желба.
Подготовка:
- Во чинија ставете ги бананите исечкани на кругови. Испасирајте ги и ставете ги во длабок сад.
- Во садот додајте го шеќерот во прав, какаото, кокосот, мелените бисквити и ореви. Измешајте убаво за да се формира хомогена смеса.
- Од смесата формирајте бомбици со големина на орев и извалкајте ги во кокос, какао или мелени ореви по желба. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Посни бомбици со банани, кокос и чоколадо.