Фантастична, вкусна и едноставна за подготовка! Популарната ванила торта која е обожавана ширум светот ја приготвивме во нашата кујна.
Богатата арома на ванила, сочноста и мекоста од путерот ја прават прв избор за сите љубители на млечен вкус. За да ја приготвите не ви е потребно големо кулинарско искуство, затоа што начинот на подготовка е многу едноставен. Од состојките ќе добиете 16 парчиња торта, а потребни ќе ви бидат 20 – 30 минути за подготовка, не сметајќи го времето за печење.
Состојки:
- 200 г (1 чаша путер) путер на собна температура
- 200 г шеќер
- 4 јајца на собна температура
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Витаминка
- 330 г (3 чаши) брашно
- 1 ќесичка прашок за пециво
- 1 чаша млеко.
За фил:
- 250 г путер на собна температура
- 200 г шеќер во прав од Витаминка
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 200 мл слатка павлака на собна температура.
За декорација:
- 1 ќесичка шлаг пена
- 100 мл вода или млеко по избор
- рибизли или свежо овошје по избор.
Подготовка:
- Во сад за матење ставете ги путерот исечкан на коцки, шеќерот и ванилиниот шеќер. Изматете со миксер, а потоа додавајте едно по едно јајце. Матете околу 3-5 минути за да се соединат состојките.
- Брашното измешајте го со прашокот за пециво и додајте го во садот со јајцата. Додајте го и млекото и продолжете со матењето со миксерот уште 2-3 минути.
- Смесата ставете ја во правоаголна тава (број 40) претходно обложена со хартија за печење. Печете ја во загреана рерна на 200 степени за време од 20-25 минути. Пандишпанот извадете го од рерната и оставете го да се излади за време од 10 минути. Потоа извадете го од тавата и ставете го врз кујнска решетка за да се излади целосно.
- Врз изладениот пандишпан поставете десертна чинија и исечете 2 кружни форми. По желба пресечете го на половина, така што ќе добиете две коцкести форми.
- Путерот, шеќерот во прав и ванилиниот шеќер ставете ги во сад за матење. Изматете ги 2-3 минути, а потоа додајте ја слатката павлака и продолжете со матењето уште 2-3 минути.
- Едниот пандишпан ставете го во чинија за торта, а врз него нанесете половина од филот со слатка павлака. Потоа ставете го другиот пандишпан и премачкајте ја тортата со преостанатиот фил. Ставате ја во фрижидер неколку часа пред служењето, а најдобро е преку ноќ.
- Шлаг пената и млекото ставете ги во сад за матење. Изматете ги со миксер за време од 3-5 минути. Пред служење декорирајте ја со изматена шлаг пена и свежо овошје по избор. Уживајте во светот на вкусовите!
Препорака од авторот:
„Десертите се мој фаворит кога станува збор за креирање на нови рецепти. Класичната ванила торта е многу популарна ширум светот, па тоа беше мотивација да ја испробам и приготвам. Кај нас речиси и да не се приготвува, па странските блогови за храна ми служеа како водич во подготовката. Намирниците кои се достапни кај нас и во светот се различни, па направив измени и ја прилагодив по наш вкус. Подготовката на тортата е многу едноставна и полесна во споредба со тортите кои стандардно се прават на Балканот. Овој лесен рецепт за ванила торта го користи 1-2-3-4 методот кој потекнува од 19-ти век. Тоа е метод кој овозможува лесно паметење на односот на состојките: 1 чаша путер, 2 чаши шеќер, 3 чаши брашно и 4 јајца. Би рекла дека може да ја приготви секој, затоа што нема потреба од различни садови за матење, варење на филови и слично.
Најважно е намириниците кои се користат, како путерот, јајцата и слатката павлака да бидат на собна температура за да се постигни хомогеност на пандишпанот и филот. Вреди да се проба! За крај, следете ме на Facebook и Instagram каде може да погледнете повеќе рецепти и да се инспирирате за наредниот вкусен оброк или десерт. Бидете поздравени и гответе со љубов!“ – вели Марија.
Ви препорачуваме да прочитате: Атлантис торта – слатка морска идила за сечиј вкус.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.