Скоро и да нема веќе човек кој не слушнал дека спирулината е супер храна, нели!? – А знаете што? – Целиот наш тим ја обожава и освен како додаток во исхраната, и имаме најдено еден мал милион примени во рецепти. Токму така, дојдовме на идеја да го споделиме и овај превкусен рецепт за крцкави гранола плочки со спирулина! Екстра богата со хранливи нутриенти и лесна да може да ја носите со себе секаде.
Идејата да се додаде спирулина во оброците, некому можеби му звучи чудно. А всушност, употребата на оваа модрозелена алга во гранола плочки е одличен потег. Посебно во зимските месеци и тоа како е важно да работиме на зајакнување на имунитетот, а воедно и крвта, односно железото за да го заштитиме организмот од разните вируси и бактерии што повеќе. Спирулината претставува супер здрава храна богата со протеини, витамини, минерали и антиоксиданси, што се топ придобивки за подигнување на хранливата вредност на појадокот или ужината на повисоко ниво! Пишувајте ни на info@sezahrana.mk или sezahrana@gmail.com кои се вашите рецепти со спирулина, или повелете приклучете ни се и споделете ги во групата на Сѐ за храна на овој линк.
Повеќе за спирулината може да прочитате од нашите претходни истражувања на следните линкови:
- Што важно треба да знаете при изборот на спирулина?
- Д-р Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?
- Спирулина – храна од природата за решавање на проблемите со кожата
- 10 докажани причини за да консумирате спирулина
- Зошто да консумирате Hawaiian Spirulina оваа есен?
Нашиот нутритивен рецепт е супер предлог за брз појадок по пат, а може и да се искористи како ужина во било кој дел од денот. Една вака подготвена плочка содржи 210 калории кои се доволни да го одржат организмот сит и полн со енергија околу 2 до 3 часа.

Состојки:
- 2 1/2 чаши овесни снегулки
- 1/2 чаша несолени семки од сончоглед
- 1/2 чаша несолени семки од тиква
- 2 супени лажици ленено семе
- 1/3 чаша кокос
- 2 супени лажици Hawaiian Spirulina во прав
- 1/3 чаша растопено кокосово масло
- 1/3 чаша путер
- прстофат сол
- 1/3 чаша мед.
Подготовка:
- Во подлабок сад измешајте ги овесните снегулки, семките од сончоглед и од тиква. Убаво измешајте.
- Плехот во кој ќе печите обложете го со хартија за печење.
- Смесата од овес и семки рамномерно распоредете ја врз хартијата за печење.
- Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 10 минути или додека поруменат и почне да се чувствува мирис.
- Откако ќе се запечат, вратете ги во длабокиот сад, додајте ленено семе, кокосот и спирулина во прав, па состојките ставете ги во плехот.
- Во тавче или тенџере, на средна температура ставете ги кокосовото масло и путерот за добро да се растопат, а притоа повремено мешајте.
- Тавчето тргнете го од огнот, додајте го медот и убаво измешајте.
- Смесата од масло, путер и мед измешајте ја со сувите состојки, добро истапкајте ја во тавче и оставете да се излади најмалку 1 час, а идеално е барем 4.
- Изладената смеса пресечете ја на 16 парчиња.
- Освен што се служат веднаш, готовите гранола плочки може и да се замрзнат.
За да ги направите највкусните гранола плочки, ви препорачуваме да користите Hawaiian Spirulina во прав. Hawaiian Spirulina е единствена која е атестирана како природно одгледувана и произведена алга. Единствено Hawaiian Spirulina се суши со патентиран метод на океанско ладно сушење, кој комбиниран со ладното компримирање на таблетите без додатоци на масти и без топлинска обработка и стаклената амбалажа, обезбедуваат супериорен производ.
Hawaiian Spirulina ја препорачуваме затоа што содржи:
- 65% лесно сварлив протеин
- 23 пати повеќе железо од спанаќот
- 25 пати повеќе бета-каротен од морковот
- 5 пати повеќе калциум од млекото
- енергија за сите возрасти
- 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци
- Витамини од групата Б
- 10 пати повеќе калциум од млекото
Hawaiian Spirulina во прав може да ја нарачате од онлајн продавницата на Тримекс. Доставата е бесплатна. Исто така ја има и во поголемите аптеки низ земјава.
За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нашиот e-mail: info@trimeks.com.mk
За крај, како состојка која ни е омилена во разни здрави рецепти, неизбежно е да ви ги издвоиме нашите омилени:
- Чиа пудинг со спирулина и авокадо
- Зимско смути со спирулина со загревачки ефект
- Зелено детокс смути со киви и спирулина
- Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка
- Посно смути со банана и спирулина.
Ви препорачуваме да прочитате: Палачинки со спирулина и овес.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.