Домашни интегрални лепчиња

Да се храниме здраво! Одличен рецепт за домашни интегрални лепчиња ни припреми Катерина. Дали знаете дека брашното кое се користи за да се направат интегрални пекарски производи се добива така што се мели цело зрно од житариците, заедно со својата обвивка?

Лебот направен од интегрално брашно е богат со целулоза, витамини, минерали и протеини. При подготовката на пекарски производи, интегралното брашно често пати се меша со бело пченично брашно затоа што е тешко да се замеси тесто припремено од брашното кое е добиено со мелење на цело пченично зрно.

интегрални лепчиња

Состојки:

  • 300 гр бело пченично брашно
  • 200 гр интегрално брашно
  • 5 лажици пченични трици
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • прстофат шеќер
  • по потреба топла вода (за замесување на тестото)
  • ленено семе

Подготовка:

  1. Во подлабок сад за месење стевете ги пченичното, интегралното брашно, пченичните трици и измешајте ги состојките. Во садот додајте ги квасецот, прстофат шеќер и солта. Повторно измешајте ги состојките и постепено додавајте топла вода, за да добиете меко тесто.
    Убаво измесеното тесто ставете го во садот за месење и покријте го со кујнска крпа. Оставете го двојно да нарасне за време од 20 до 30 минути.
  2. Од нараснатото тесто формирајте топчиња и наредете ги на набрашнет плех.
    Лепчињата посипете ги со ленено семе и оставете ги да нараснат уште 20-тина минути.
  3. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги лебчињата во загреаната рерна и печете околу 30 минути. Печените интегрални лепчиња извадете ги од рерна, покријте ги со кујнска крпа и оставете ги 10 минути кратко да се изладат.

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска

Сподели: