Кивите се одлично овошје кое многу освежува. Имаат прекрасен изглед кога ќе ги пресечеме и тоа е причина плус за да ги сакаме уште повеќе. Ги пробавме и во вид на фрапе од киви и одлично се покажаа, препорачуваме да го пробате!
Ниската калоричност и хранливата вредност на кивите се за обожавање. Тие се идеални за намалување на телесната тежина и за добра општа здравствена состојба, а повеќе за нивната хранлива вредност може да прочитате тука. Сакаме да ги јадеме често било тоа да е во овошна салата или претворени во фрапе, затоа што имаат многу придобивки за здравјето. Има една поговорка која вели, јадете по едно киви на ден и бидете здрави како „дрен“, па ако сакате да дознаете зошто е тоа така, кликнете овде, нема да згрешите.

За две порции може да ставите:
Состојки:
- 4 киви
- 2-3 лажици природен мед
- 200 мл млеко
- 2-4 коцки мраз по желба.
Подготовка:
- Кивите излупете ги, исечкајте ги на кругови и изблендирајте ги.
- Потоа додадете ги млекото, медот и коцките мраз, па блендирајте уште кратко колку да се соединат состојките.
- Сервирајте во чаши и декорирајте по желба. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Витаминско смуди со киви и боровинки.