захер торта

Захер торта – најпознатата чоколадна торта од Виена

Легендата за Захер торта датира од 1832 година, кога младиот готвач Франц Захер во Виена по наредба на канцеларот Матерних, морал да припреми некој посебен десерт за средбата со сите европски дипломати. Тој експериментирал со состојките и успеал да ја направи една од најпознатите торти на светот.

Захер тортата се смета за еден од најпознатите кулинарски специјалитети на Виена, а оригиналниот рецепт се чува како тајна. Познатата Захер торта се служи во хотелот „Захер“ во Виена.

захер торта

Состојки:

  • 8 јајца
  • 140 гр путер
  • 150 гр шеќер
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 160 гр брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 200 гр чоколада за готвење

Фил:

  • 400 гр мармалад од кајсии

Глазура:

  • 130 гр чоколада за готвење
  • 4 лажици масло

Подготовка:

  1. Чоколадото се топи на пареа, а потоа се одделуваат жолчките од белките.
  2. Во сад за матење ставете ги белките и додајте прстофат сол. Белките пенесто изматете ги.
  3. Во друг сад ставете ги путерот, шеќерот, ванилиниот шеќер и изматете ги. Во садот постепено додајте ги жолчлите една по една и матете додека се добие хомогена смеса.
  4. Во садот со жолчките додајте го растопеното чоколадо и кратко изматете, а потоа додајте ги белките и измешајте ги со жица или лажица. Во садот со јајцата додајте го брашното и печивото, па повторно измешајте за да се изедначи смесата.
  5. Смесата ставете ја во тркалезен калап (26см), а претходно намачкајте го со путер и набрашнете го.
  6. Колачот ставете го да се пече во загреена рерна на 170-180 степени за време од 40-45 минути (за најсигурно проверете со дрвена чепкалка).
  7. Печената торта оставете ја да лади во калапот околу 15-20 минути, а потоа извадете ја, превртете ја и оставете ја да се излади целосно.
  8. Изладениот колач поделете го на половина (може со конец ако така ви е полесно).
  9. Загрејте го мармаладот и премачкајте ја едната половина, ставете ја другата половина и премачкајте ја целата торта.
  10. Тортата оставете ја во фрижидер 30-тина минути.
  11. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Чоколадото растопете го на пареа со заедно со маслото и премачкајте ја целата торта. Подготвената захер торта ставете ја во фрижидер за да се зацврсти чоколадото.
  12. Захер тортата послужете ја со изматен шлаг.

Уживајте во познатата чоколадна Захер торта. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска

Сподели: