Зачинети компири со грашок

Зачинети компири со грашок

Еве уште еден здрав рецепт кој се приготвува лесно и едноставно. Од кујната на Невена ни доаѓа вкусно јадење за зачинети компири и грашок, приготвени со најздравите зачини како куркума, кари, магоднос и ким. Посно, вегетаријанско и не содржи глутен! 

Куркумата може да се нарече чудо од природата, како резултат на антивоспалителните карактеристики. Поновите истражувања го потврдија благотворното дејство на куркумата кај лица заболени од рак и Алцхајмерова болест. Главната состојка на куркумата е куркуминот, кој е особено значаен во борбата против ракот.

Кимот претставува добар извор на железо, манган, како и други витамини и минерали. Некои истражувања покажуваат дека може да го стимулира производството на панкреасните ензими и да помогне во варењето на храната.

компири со грашок

Состојки:

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете ги на помали коцки. Во тенџере на оган, на висока температура ставете вода да зоврие. Во зовриената вода ставете сол и додајте ги компирите и грашокот да се варат, додека компирите омекнат.
  2. Варените компири и грашок исцедете ги од водата.
  3. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Во тава на оган ставете ги маслата да се загреат. Во загреаното масло додајте ги ситно сечканиот кромид и лук и пропржете ги додека кромидот омекне.
  4. Во тавата со кромидот додајте ги кари зачинот, кимот и магдоносот, и измешајте.
  5. Потоа додајте ги варените компири, грашокот, куркумата, црниот пипер и мешајте додека убаво се изедначат. Пропржете ги минута до две, а потоа тргнете ја тавата.
  6. Топлите зачинети компири со грашок, послужете ги веднаш со салата по желба!

Рецептот го испратил: Невена Ѓеровска.

Ви предлагаме да прочитате: Печени гурмански компири.

Сподели: