Сега може да уживате во сладоледот без да се грижите за калориите! Направете здрав сладолед од јагоди и банани, и тоа без шеќер. Да, овој сладолед се прави само од овие две состојки.
Овошен, со убава арома и вкус. Сладоледот од банани и јагоди е совршена можност со задоволство да консумирате овошје во топлите денови, а е супер предлог и за децата. Без глутен, лактоза и идеален за овошен ден во УН диетата.
Состојки:
- 4 големи зрели банани
- 450 грама јагоди.
Подготовка:
- Излупете ги бананите и исечете ги на тенки кругови.
- Јагодите исечете ги на половина и заедно со бананите наредете ги во голема тава. Притоа, важно е да бидат наредени во еден слој.
- Вака приготвените јагоди и банани, ставете ги во замрзнувач за време од 30 минути. Бананите и јагодите не треба да бидат премногу замрзнати.
- Потоа, извадете ги и ставете ги во блендер. Миксирајте додека добиете хомогена смеса. Сладоледот ставете го во калапи или во поголем пластичен сад со капак.
- Вака приготвениот сладолед ставете го во замрзнувачот за време од 2 часа или повеќе додека се замрзни. Готовиот сладолед од јагоди и банани послужете го во чашки. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од јагоди.