Здраво и зелено смуди полно со хранливи материи, добро би дошло на секого! Ароматичната банана, слаткиот мед, освежителниот јогурт и колоритниот спанаќ, тие се состојките кои укажуваат на исклучителната вредност на овој пијалак.
Особено би било убаво да го направите наутро и со силна доза на енергија, витамини и свежина да го започнете денот. Ако пак сакате да дознаете повеќе за тоа како да направите совршено смуди, кликнете тука и прочитајте.

Состојки:
- 1 банана
- 1/4 чаша јогурт
- 1/4 чаша вода
- 2 чаши свежи листови од спанаќ
- 1 лажица мед
- кришка зелен лимон по желба
- по желба неколку исечкани бадеми за декорација.
Подготовка:
- Листовите спанаќ измијте ги и ставете ги во блендер.
- Откако убаво се изблендирале, додајте ги медот и јогуртот. Доколку не сакате јогурт, можете да го замените со млеко.
- Бананата излупете ја и исечена на кругови додајте ја во блендерот.
- Блендирајте 1-2 минути или додека смесата стане убаво хомогена, па додајте ја и водата и сокот од кришката зелен лимон. Измешајте со лажица и на здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Смуди за добро варење и здрава цревна микрофлора.