Исхраната без глутен се состои од избегнување на намирници кои го содржат глутенот. Тој е протеин кој ги има во пченицата, ржот, јачменот и во други житни култури, а го нема во киноата, пченката, оризот, леќата и сојата. Денес, милиони луѓе во светот не поднесуваат глутен (поради целијакија или алергија на пченицата). А уште многу патат од алергија, астма, ревматски артритис, мигрена, умор и сл, практикуваат исхрана без глутен, заради надминување на тегобите при овие состојби.
Многу болни (9 до 10) се случува да немаат никакви симптоми на целијакија. Тоа е болест која тешко се открива затоа што симптомите се прикриени.
Но, има многумина кои ја прифаќаат исхраната без глутен, како начин да го намалат вишокот на килограми. Многу од храните кои содржат глутен, се богати со скорб и рафиниран шеќер, кои освен што пречат на здравјето, влијаат и за покачена тежина.
Според диетолозите, безгутенската исхрана е најлесниот и најздравиот начин да се справите со надуеноста на стомакот. Многумина кои ја применуваат оваа исхрана забележале значително зголемување на енергијата и намалување на хроничниот замор. Интересно е дека безглутенската исхрана може да ве заштити од некои заболувања, посебно претдијабетес и дијабетес тип 2.

Храна која е дозволена при исхрана без глутен
Можеби на прв поглед, ќе си речете дека тоа е невозможна мисија, но ве уверуваме дека тоа не е така. Доколку имате вишок на килограми или некои од горе споменатите болести, започнете со постепено намалување на храната која содржи глутен: леб, печива, тестенини, колачи… Дајте и предност на свежата храна како:
- грав
- семки
- јаткасти плодови
- свежи јајца
- месо, риба и месо од живина (потрудете се да ги јадете варени или печени со малку масло)
- овошје и зеленчук
- млечни производи.
Важно е да бидете сигурни дека преработената храна која ја купувате од маркетите не е помешана со храна која содржи глутен, адитиви и конзерванси.
Исто така може да консумирате:
- амарант
- леќа
- пченка
- брашно од ориз, соја, пченка, компир
- просо
- ориз
- соја
- киноа
- тапиока.
Ви предлагаме да прочитате: 10 знаци дека имате интолеранција на глутен.