кростата со слатко од дуњи

Италијанска слатка пита – кростата со слатко од дуњи

Дали сте пробале кростата? Станува збор за традиционална италијанска слатка пита или тарт. Кростата има долга традиција, а се приготвува уште од 15-иот век за што постојат пишувани рецепти. Сега имате супер можност да ја пробате оваа италијанска слатка пита со слатко од дуњи, по испробан рецепт од Катерина. 

Ние имавме можност да ја дегустираме оваа пита во Италија, вкусот ни се допадна, па топло препорачуваме да ја пробате. Карактеристично е тоа што се прави со фил од овошје, односно слатко или мармалад. Пригответе интернационално уживање од италијанската кујна во својот дом!

кростата со слатко од дуњи

Состојки:

  • 250 г брашно
  • 100 г путер
  • 100 г шеќер
  • 1 јајце
  • 10 мл млеко
  • 4 г прашок за печиво
  • малку екстракт од ванила.

За премачкување:

За посипување:

  • по потреба шеќер во прав.

Подготовка:

  1. Во сад ставете го шеќерот, ладниот путер исечен на коцки и екстрактот од ванила. Со раце соединете ги состојките.
  2. Во садот додајте ги јајцето и млекото, и измешајте.
  3. Брашното измешајте го со прашокот за печиво. Потоа додајте го во садот со јајцето. Од сите состојки замесете тесто.
  4. Тестото завиткајте го во најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер за време од 20-30 минути.
  5. Потоа одделете ¼ од тестото и тргнете го настрана.
  6. Остатокот од тесто ставете го меѓу 2 листа хартија за печење. Со помош на сукало расучете го во кора. Кората ставете ја во калап (бр. 26).
  7. Врз кората нанесете го слаткото од дуњи.
  8. Од преостанатото тесто формирајте стапчиња и редете ги кружно врз слаткото (види во дополнителни слики).
  9. Кростата ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 25-30минути.
  10. Испечената кростата оставете ја убаво да се олади пред да ја извадите од калапот. Пред служење посипете ја со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви предлагаме да прочитате: Чоколадна кростата со фил од кокос.

Сподели: