нутела

Како да направите домашна Нутела?

Зар има нешто повкусно од палачинки со Нутела крем? Има, палачинки со домашна Нутела. Неодоливиот чоколаден крем од лешници, сега може да го подготвите во домашни услови и да ги импресионирате вашите пријатели.

Тајниот рецепт за популарната Нутела го смислил Италијанецот Пието Фереро во 1942 година. До денеска се збогатувал со различни состојки. А ние ви предлагаме едноставен рецепт за домашна Нутела, без конзерванси и други адитиви.

Состојки:

  • 1 чаша мелени лешници
  • 1/8  чаша масло
  • 1 чаша шеќер
  • ¼ чаша какао
  • ½  лажичка екстракт од ванила

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги мелените лешници. Миксирајте ги добро, а потоа додајте го маслото. Повторно миксирајте ја смесата.
  2. Во блендерот додајте ги шеќерот, какаото и екстрактот од ванила. Миксирајте додека добиете убав крем. Подготвената домашна Нутела чувајте ја во фрижидер.

Сподели: