Потеклото на зборот ќебап е од персиско потекло и значи пржено месо, а постојат трагови кои кажуваат дека ќебапите водат до стара Грција. Секако, она што нé интересира сите нас е како да направиме совршена смеса за сочни ќебапи и да добиеме исто толку убаво јадење како во ќебапчилниците.
Оние кои се поскусни во правење ќебапи кажуваат дека нема некои посебни компликации, а најважна поента е да се избере добро месо, како и правилно да се припреми и да се остави смесата да отстои доволно долго. Се смета дека оваа смеса традиционално потекнува од Сараево, па може да ги сретнете и под името сараевски ќебапи. Бидејќи се познати како највкусни, во оваа содржина го споделуваме со вас составот на смесата за да добиете вистински сочни ќебапи.

Еве како да направите сами сочни ќебапи
Состојки:
- 1,5 кг мелено телешко месо
- ½ кг јагнешко месо
- 4-5 чешниња лук
- 2 лажички сода бикарбона
- сол по вкус (посолете со прстофат).
Подготовка:
- Најпрво исечете го месото на коцки и посолете го. Измешајте го и прелијте го со 100 мл вода во која претходно сте го вареле малку ситно исечканиот лук, а потоа со неа прелијте го месото. Измешајте го месото повторно и оставете го поклопено да стои во фрижидер во текот на ноќта.
- Наредниот ден, со машина за мелење, измелете ја смесата барем 2 пати и оставете ја да стои на собна температура најмалку 2 часа, па ставете ја во фрижидер.
- Пред да ги обликувате ќебапите додајте ја содата бикарбона, измесете го месото со раце и обликувајте ги ќебапите. Испечете ги најдобро на скара, а доколку немате таква можност тоа можете да го направите во рерна.
Припремете гарнир по желба и уживајте во вкусот на сочните ќебапи. На здравје!
Ви предлагаме да прочитате: Домашни ќебапчиња со сенф.