Како да спречите појава на хемороиди? Пред сѐ треба да го промените начинот на живот и исхраната. Оброците треба да ви бидат богати со растителни влакна (интегрални производи, многу зеленчук и овошје), бидејќи тие влијаат на столицата и и овозможуваат да биде мека, подвижна и редовна.
Начинот на празнење е и тоа како битен, седењето на шољата не смее да биде кратко или со големо напнување, пациентот треба да има доволно време, но сепак и да не седи предолго.

При зголемен притисок, крвните садови околу аналниот отвор имаат способност да се прошируваат што може да доведе до нивно отекување или набабрување. Обично ваквите промени се јавуваат во долниот дел на ректумот. За тоа е одговорен зголемениот притисок кој настанува поради повеќе причини:
- сува столица
- долго седење и физичка неактивност
- дебелина
- бременост
- хроничен запек или пролив
- лоша исхрана сиромашна со растителни влакна
- анален секс
- наследна појава
- старост.
Во согласност со тоа, променат е и пристапот на лечење. Она што некогаш се сметало за прв стадиум на хемороиди, денес се смета за нормална појава. Запчестата линија која ја раздвојува слузокожата на цревата од кожата во аналната регија, ги дели хемороидите на внатрешни (над линијата односно во внатрешниот дел на ректумот или завршниот дел на дебелото црево) и надворешни (под линијата, односно оние кои може да се развијат под кожата околу почетниот дел на аналниот отвор). Порано, хемороидите биле прогласени за венско проширување на аналниот канал, а во последните 15-тина години се опишуваат како васкуларно перниче во кое постои цел сплет на крвни садови (артерии, вени и нивни споеви).
Терапијата може да ја сервирате во вашата чинија
Во продолжение ќе прочитате некои препораки и совети кои помагаат. Сепак, препорачуваме да не се лечите сами, туку да посетите лекар и да утврдите дали непријатноста во аналниот отвор потекнува од хемороиди или друг посериозен здравствен проблем.
Доколку имате полесни проблеми пробајте да ја подобрите својата состојба преку промена на режимот на исхрана. Правилната исхрана е исклучително важна во превенција од хемороиди, но и за нивно лечење. Запекот, кој е еден од најголемите причинители на хемороиди може да се спречи доколку внесувате доволни количини на растителни влакна и најмалку 2 литри течност. Водата е најдобар природен омекнувач на столицата и помага. Јадете повеќе
- банани
- грав
- куркума
- лук
- смокви
- ѓумбир
- сок од лимон
- смуди
- калинки
- ротквици
- интегрален леб
- јаболка
- цвекло
- брокула
- мешунки
- ленено масло
- чај од рузмарин.
Што да избегнувате?
Бидејќи од хемороиди пати само човекот, тој факт покажува дека лошите навики во исхраната имаат водечка улога во ова пореметување. Доколку патите од хемороиди избегнувајте пржена и масна храна (предизвикуваат запек), производи од бело брашно (прават гасови и отежното празнење), рафинирани масла и маргарин, кафе (бидејќи ги шири крвните садови), газирани напитоци и алкохол (ги шират крвните садови), лута пиперка, кари, црн пипер (ги иритираат цревата и слузокожата на анусот).
Ви препорачуваме да прочитате: Што причинува запек и како да го решите?