здрава исхрана во бременоста

Правилна исхрана во бременоста

Сигурно сте слушнале дека кога некоја жена е бремена, многумина ја советуваат да јаде за двајца, но дали знаете што велат експертите од Светската Здравствена Организација на оваа тема? Не треба да и се даде приоритет на количината на храна, а многу важен е изборот на намирниците и следењето на препораките за здрава исхрана во бременоста. Да се храните здраво за време на бременоста е најдоброто нешто што можете да го направите за вас и за вашето бебенце.

Бидејќи оваа тема е многу значајна за трудниците и идните мајки, ќе посветиме повеќе внимание и детално ќе ги објасниме потребите за јагленохидарти, зеленчук и овошје.

Препораки од СЗО за здрава исхрана во бременост

Кога жената е бремена над 3 месеци, тогаш и се потребни само дополнителни 200 до 300 kcal на ден, во споредба со исхраната која ја практикувала пред да забремени. Оваа мала колична може да се постигни со 2 до 3 парчиња леб или една чаша млеко и едно до две парчиња леб на ден.

Здравата исхрана за трудниците и потребните од јагленохидрати главно се базира на храна од растително потекло. Значајно е да се јаде зеленчук, овошје, леб, компири, тестенини, житарици, грав и леќа, во комбинација со мали количини на: ниско маслено млеко, сирење, јогурт, риба, посно црвено месо и живина. Кога постои можност добро е да се консумираат локални зеленчуци и овошје, особено кога е нивната сезона. Така ќе внесувате свежи и безбедни производи, со повеќе хранливи состојки, а со пониска цена.

здрава исхрана во бременоста

Колку и кои јагленохидрати треба да се консумираат за време на бременоста?

Леб, житарици, тестенини, ориз и компири – дозволено е да се јадат во количина од 6 до 11 порции на ден. При тоа, важно е да знаете дека една порција опфаќа:

  • 1 парче леб (околу 30 до 40 грама)
  • ½ чаша варени тестенини (макарони, шпагети)
  • ½ чаша варени житарици (ориз или овесна каша)
  • 30 грама житни производи
  • 1 компир со средна големина (100 грама).

Храната од оваа група е главен извор на енергија, а исто така е богата со калциум, железо, цинк и витамините од групата Б. Интегралните житарици и леб се добар извор на растителни влакна, кои што превенираат појава од констипација (запек), што често се јавува за време на бременоста.

Важно е да се јаде разновидна храна од оваа група, вклучувајќи интегрален леб, тестенини, ориз, овесна каша, како и или традиционални житарки и компири.

Ви предлагаме да прочитате: Едноставни совети за подобро здравје.

Сподели: