„Повкусна од руската, освежителна и едноставна за подготовка! Верувам дека оваа кремаста кинеска салата со ориз ќе биде една од омилените која ќе ја запишете во вашите тетратки со рецепти и ќе ја правите за секоја прилика. Нашите пријатели од Млекара Тетово ни испратија Кораб кравјо сирење за дегустација, а јас го искористив за подготовка на вкусната кинеска салата.“ – вели Марија од нашиот тим.
Оваа година велигденската трпеза збогатете ја со кремастата кинеска салата. Декорирајте ја во празничен стил и уживајте во празниците!

Состојки:
- 1 чаша ориз
- 150 г шункова салама
150 г (5-6) кисели краставички - 100 г Кораб кравјо сирење од Млекара Тетово
- 150-200 мл Шарпланинска кисела павлака со 20% масти
- 100 мл мајонез
- сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:
- Во тенџере на оган ставете 2 чаши вода да се варат. Во зовриената вода додајте го оризот и варете го 15-20 минути. Во тенџерето со сварениот ориз додајте поголема количина ладна вода и измешајте за да се одделат зрната. Оризот процедете го.
- Шунковата салама и киселите краставички исечкајте ги на мали коцки.
- Сирењето исечкајте го на мали коцки или изрендајте го на крупната страна на рендето.
- Во длабока чинија ставете го варениот и изладен ориз, сечканите краставички, саламата и сирењето. Измешајте со лажица и додајте ги мајонезот и павлаката. Повторно измешајте и зачинете со сол по вкус и мелен црн пипер. Готовата кинеска салата со ориз сервирајте ја во чинии и послужете ја. На здравје!
Совети плус од авторот:
- Внимавајте при солење на салатата, затоа што краставичките и сирењето се солени, па може и да нема потреба од додавање на сол.
- Ако јадете помалку солени салати, сирењето ставете го 10-тина минути во топла вода за да се отсоли.
- За покремаст вкус додајте уште павлака.
- Одлучивте ли да го испробате овој рецепт за Велигден? – Разгледајте повеќе велигденски рецепти на мојот профил на Инстаграм – @kocovska.marija. Направив мал водич (е-готвач) со моите велигденски рецепти. Кликнете на линкот и разгледајте ги моите идеи. Следете ме на Instagram и Facebook, и штом ja направите салатата, испратете ми ги фотографиите или означете ме. Ќе ми биде задоволство да ги споделам на стори. – вели Марија.

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ви предлагаме да прочитате: Солен колач со сирење.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.