Кои се разликите меѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект?

Кои се разликите меѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект?

Ако некогаш на пазарите можеше да се сретне само зелена леќа, денес изборот е проширен, па се почесто може да се најде и црвена леќа. Но, повеќето луѓе се уште се скептични и ја избегнуваат црвената леќа. Тоа најверојатно се должи на тоа што многумина не се запознаени со начинот на нејзиното приготвување. Затоа, со цел да ви помогнеме почесто да ја вкучите и црвената леќа во исхраната што почесто и да ги искористете придобивките кои ни ги нуди природата, решивме да ви ги откриеме најважните разлики помеѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект!

Црвената леќа е помалку позната намирница, а многу корисна за здравјето. Во 100 грама црвена леќа има неверојатни 26 грама протеини, што ја прави вистинско протеинско богатство! Многу е богата со железо и затоа посебно се препорачува да ја консумираат лица кои се бават со спорт и се склони кон анемија. Црвената леќа изобилува со магнезиум и молибден, а од витамини е исклучително богата со фолна киселина. Повеќе за нутритивните вредности погледнете на фотографијата од Сончева долина.

леќа

Дали знаете дека црвената леќа се приготвува значително побрзо во споредба со зелената леќа?

Иако е позната под името црвена леќа, бојата може да варира од златна, портокалова, па се до вистински црвена. Карактеристично е тоа што нејзиниот вкус е посладок во споредба со останатите сорти, а има и најфина структура. Нејзина најголема придобивка е тоа што, за разлика од зелената леќа се вари пократко. Најчесто се подготвува за околу 20-30 минути. Кога е варена се распаѓа, па дава кашеста конзистенција на јадењето. Ова ја прави црвената леќа совршена за подготовка на индиско кари, а може да се користи и како додаток во супи и чорби за нивно згуснување. Секако, може да се користи исто како и зелената леќа, бидејќи и покрај различниот изглед и текстура, таа има сличен вкус со неа. Па, ако сакате да испробате рецепт со неа, не пропуштајте да го прочитате нашиот рецепт за подготовка на посни макарони со сос од црвена леќа.

Зелената леќа при подготовка го задржува нејзиниот изглед и е идеална за салати

Бојата на оваа леќа варира од зелено кон кафено, а зрното е мазно и сјајно. За разлика од црвената, оваа леќа се вари нешто подолго, па таа треба да се готви околу 45 минути. Зелената леќа не го губи својот облик со варењето и ја задржува својата текстура дури и по подолго готвење. Ова ја прави идеален додаток за салати и други готвени јадења. А кога сме кај салатите ви предлагаме да направите:

На што треба да внимавате при изборот на леќа?

Кога купувате леќа, прво запрашајте се за што ќе ја користите. Доколку сакате да приготвите чорба, пире или ќофтиња подобро е да изберете црвената леќа. Додека пак зелената леќа е совршен додаток во разни салати, но може да се подготвува и во разни варива.

Друг важен момент при изборот на леќа е секако прашањето од каде ќе ја купите. Доколку истата не е соодветно амбалажирана, чувана и складирана, или пак ако не е свежа може да изгуби дел од своите кулинарски карактеристики. Избегнувајте да купувате леќа, чии зрна се многу суви и избрчкани. Оваа леќа не може да се свари дури и по еден час. Затоа, секогаш кога купувате леќа изберете ја онаа за која сте сигурни дека е претходно селектирана и чувана во соодветни услови и секако пред се пакувана според највисоките стандарди. За таа цел, ние секогаш избираме зелена или црвена леќа од Сончева долина, бидејќи за квалитетот на нивните производи се грижи тим од професионалци во најсовремени лаборатории, а дополнителна потврда за нивниот квалитет се секако и стандардите на ISO и HAССP сертификатот за безбедност при производство на храна. Освен тоа, леќата е јадење кое се прави за брзо време, има одличен вкус, што значи има многу причини што е често на нашата трпеза!

Ви предлагаме да прочитате: Посен намаз од леќа.

Сподели: