турлитава со свинско месо

Македонска турлитава со свинско месо

Изобилството на зеленчуци кои ги има во овој период ја прават турлитавата омилено традиционално јадење. Нашата членка Јадранка го сподели нејзиниот рецепт за турлитава со свинско месо во групата Сѐ за храна. Многу ни се допадна, па го споделуваме и на sezahrana.mk.

А како ви ја приготвувате турлитавата? Споделете го вашиот рецепт во коментар или во групата на Сѐ за храна.

турлитава со свинско месо

Состојки:

  • 500 г свинско месо
  • 100 мл масло
  • 3 главици кромид
  • 4 моркови
  • 1 тиквичка
  • 1 модар патлиџан
  • 3 пиперки
  • 250 г боранија
  • 100 г грашок по желба
  • 1 домат
  • 300 г бамја
  • магдонос, босилек по вкус
  • мешан зачин, црн пипер, сол, лук во прав по вкус.

Подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки. Во тава на оган ставате 2-3 лажици масло да се загрее. Во загреаното масло додајте го месото. Пропржете го за време од 10 минути, односно 5 минути по страна.
  2. Кромидот крупно исечкајте го. Морковите и пиперките исечете ги на кругови. Тиквичката, модриот патлиџан и доматот исечете ги на коцки.
  3. Зеленчуците и месото измешајте ги и ставете ги во тава за печење. Додајте го преостанатото масло и зачинете со свеж магдонос, босилек, мешан зачин, мелен црн пипер, сол и лук во прав.
  4. Тавата ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени. Потоа, намалете ја температурата на 180 степени и печете за време од 1 час и 20 минути. На крајот од печењето во тавата додајте 300 бамја и продолжете со печење уште 10 минути. Македонската турлитава со свинско месо послужете ја како главен оброк за ручек или вечера. На здравје!

Автор на рецептот: Јадранка Весковска, Gotvime so Jadranka.

Ви препорачуваме да прочитате: Турлитава – традиционална македонска тава од зеленчук.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: