Кои се разликите помеѓу балсамико крем и балсамико оцет? Како се употребуваат?

Дали користите балсамико оцет или балсамико крем? Во последните години употребата на балсамико оцетот и кремот сѐ повеќе се зголемува. Достапни се и на нашиот пазар, а и двете имаат широка примена во кујната и може да се употребуваат во разновидни јадења. Често имаат иста боја и текстура. И двете имаат слатко – кисел вкус. Па тогаш, кои се главните разлики? – Ајде да откриеме.

Нашите пријатели од Витаминка ни испратија пакет производи во кои беше и новиот Брилијант балсамико крем. Тоа нѐ инспирира да го направиме ова истражување и да ве запознаеме подетално кои се разликите меѓу балсамико оцетот и кремот и како може да се употребуваат.

балсамико крем брускети

Од каде потекнуваат балсамико оцетот и балсамико кремот?

Балсамико оцетот е автентичен моденски производ, што значи дека потекнува од Модена. Модена е провинција во северна Италија. Никој надвор од оваа област не може да произведе балсамико оцет. Балсамико кремот нема одредена заштита на потеклото и се произведува низ цела Италија, а и низ целиот свет. А сега благодарение на Витаминка, имаме и наш балсамико крем.

Имаат различна киселост

Киселоста на оцетот се движи од 4.5 до 6%. Иако нема одредени граници за киселоста на кремот, таа обично е од 3 до 3.5%. Па ако не сте љубител на покисели состојки, во салатите додајте балсамико крем.

Имаат и сличен, но малку различен вкус

Балсамико оцетот има интензивен, слатко – кисел, долготраен и ароматичен вкус. Балсамико кремот е сладок, кисел и кашест.

Кои состојки ги содржат?

Балсамико оцетот се прави само од грозје. Поточно, за него се потребни или само шира од грозје или шира заедно со вински оцет. За правење на балсамико кремот се користат балсамико оцет, концентриран сок од грозје и згуснувачи (на пример модифициран скроб или ксантан гума).

Времетрање на производството

Оцетот има одреден период на зреење кој треба да се помине за да се добие посакуваниот квалитет. Се препорачува да зрее во дрвени буриња најмалку 3 години, а во некои случаи може да забележиме оцет стар помеѓу 12 и 25 години. Колку постар оцет, толку подобар. Разликата тука е во тоа што кај кремот (кој се прави од оцет) не е потребно зреење и не се чува во дрвени буриња.

Во кои јадења може да се употребуваат балсамико оцетот и балсамико кремот? 

Балсамико оцетот и кремот може да се користат во голем број јадења како месо, салати, рижото, сладолед, овошни салати… Кремот може уште да се користи и како декорација во садовите со храната. Благодарение на неговата вискозност, може да се цртаат форми и да се пишуваат букви.

И двете совршено одговараат со:

балсамико крем

А за скоро ви припремаме летен рецепт за крцкави брускети со домати и балсамико крем од Витаминка. Останете со нас и очекувајте го овој фантастичен рецепт кој ќе ве освои!

Автори:

Ви препорачуваме да прочитате: 3 важни работи за маслиновото масло.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: