Ова е колач кој мора да се направи! Вредните раце на Невена и нејзината креативност во кујната го креираа овој фантастичен колач со крем од јагоди. Ние и благодариме за споделувањето, па сега сите ќе имаме можност да го направиме и да го дегустираме со семејството и пријателите.
За да го направите потребни ви се неколку едноставни состојки и малку време, а сигурни сме дека колачот со крем од јагоди ќе биде дел од вашите омилени рецепти за освежителни, пролетни десерти.

Состојки:
- 4 јајца
- 10 лажици шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 8 лажици жешка вода
- 8 лажици масло
- 12 лажици брашно
- 1 ќесичка прашок за печиво.
Крем:
- 500 гр јагоди
- 500 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 2 мали јајца
- 100 гр бело чоколадо
- 115 гр путер.
Прелив:
- 250 мл жешко млеко.
За декорација:
- по потреба шлаг, инстант прав за чоколадно млеко, јагоди и сл.
Подготовка:
- Најпрво се подготвува пандишпанот. Во сад за матење се ставаат јајцата, шеќерот, водата и ваниниот шеќер. Се матат со миксер додека шеќерот се растопи и се добие густ крем.
- Во садот со јајцата се додава маслото и повторно се мати со миксерот.
- Во мал сад се мешаат брашното со прашокот за печиво, а потоа се додаваат во смесата од јајца. Состојките се мешаат кратко со миксер на мала брзина, но исто така добро наместо со миксер, да ги измешате со лажица.
- Смесата за пандишпан се става во помал плех, намачкан со путер и набрашнет (по желба може да користите хартија за печење).
- Ставете го плехот да се печи во загреана рерна на 180-190 степени за време од 20-25 минути.
- Печениот пандишпан оставете го да се излади и потоа попарете го со жешкото млеко.
- Потоа се подготвува кремот. Јаготките ставете ги во блендер и изблендирајте ги во кашеста смеса.
- Во еден сад ставете ги јајцата и изматете ги со половина од шеќерот, па додајте го и пудингот и повторно изматете со миксерот за да се изедначат.
- Додајте ги јагодите и измешајте со лажица.
- Млекото и останатиот шеќер ставете ги во тенџере на оган да зовријат.
- Потоа, кон садот на огнот додајте ја матената смесата со јагодите и варете со постојано мешање додека се згусти.
- Садот со пудингот, тргнете го од огнот и додајте го чоколадото искршено на коцки и путерот. Мешајте додека се стопат и изедначат.
- Кремот истурете го врз пандишпанот, израмнете го и покриен оставете го во фрижидер да се излади и стегне.
- Готовиот колач со крем од јагоди украсете го со инстант чоколадно млеко, изматен шлаг, по ваша желба и послужете го. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Брз овошен колач со јагоди.