Безглутенски, без брашно и без шеќер! – Нашата пријателка Ана (baked_with_love_by_ana) ни сподели одличен рецепт за колач со портокал кој се прави со природен засладувач. Мами со својот изглед, а сигурни сме и со својот вкус!
Овој колач со портокал, се прави многу брзо и лесно, па може да го направи секој. Одлично оди во комбинација со кафе или чај и добро друштво. Направете го, поканете ги пријателките и препуштете се на уживањето.

Состојки:
- 2 портокали
- 4 јајца
- 180 г агаве сируп
- 1 лажица јаворов сируп
- 2 лажички прашок за печиво
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 330 г бадемово брашно
- 1 лажичка кардамом.
За декорација:
- 1 портокал
- 1 мандарина
- неколку листови нане.
Подготовка:
- Портокалите убаво измијте ги. Ставте ги во сад и прелијте ги со вода. Количината на вода треба да биде доволна зс да ги покрива портокалите во садот. Ставете го садот на оган и варете ги 1 час.
- Портокалите извадете ги од садот и оставете ги да се изладат околу 15 минути.
- Потоа, исечкајте ги на помали парчиња (заедно со кората) и ставете ги во блендер. Додајте ги јајцата, сирупот, прашокот за печиво и екстрактот од ванила. Изблендрирајте за да добиете хомогена смеса.
- Во друг сад ставете ги брашното и кардамомот. Додајте ја и смесата од блендерот и убаво измешајте за состојките да се соединат.
- Калапот за колач (24 cm) премачкајте го со масло. Прелијте ја добиената смеса и ставете ја да се печи во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 1 час.
- Готовиот колач оставете го да излади, а потоа декорирајте го. Премачкајте го со мед, наросете сечкани лечници и украсете го со парчиња портокал, мандарини и листови од нане. На здравје!
Совети плус:
- Наместо агаве сируп може да користите мед, сируп од урми или оризов сируп.
- Доколку сакате колачот да е повисок, тогаш печете во помал калап.
Автор на рецептот: Ана Наумовска (baked_with_love_by_ana).
Ви препорачуваме да прочитате: Готвиме со Ана – Чурос крофни.