Предлозите за брз ручек секогаш се добредојдени, а особено кога температурите се високи. Баш таков рецепт најдовме на Инстаграм профилот на Сика, па со задоволство го споделуваме со вас. Направете кремаста салата со тестенини и пилешко месо!
Станува збор за интересна комбинација која веруваме дека ќе ве освои! Ненаметливиот вкус на пилешкото месо се меша со слатко и сочно грозје, крцкави ореви и вкусен, кремаст прелив со чиа семе. Црвеното грозје додава изливи на сочна и распрскувачка сладост, а крцкавиот, нискокалоричен целер додава живост во оваа салата. Може да ја послужите како ладна салата или како оброк за ручек или вечера. Изборот е ваш!

Состојки:
- 200 г тестенини (фарфеле – во форма на машна)
- 1 чаша варено пилешко месо или пилешки гради/шунка по избор
- 1 чаша црвено грозје
- ½ чаша целер
- ½ чаша ореви.
За прелив:
- ½ чаша јогурт
- ½ чаша мајонез
- 2 лажици мед
- 1 ½ лажица бел вински оцет
- 2 лажици чиа семе
- ½ лажиче мелен црвен пипер СИКА
- сол по вкус.
Подготовка:
- Сварете ги тестенините во солена вода според упатството. Потоа, изладете ги со млаз ладна вода и ставете ги во голем сад.
- Зрната грозје преполовете ги и исчистете ги семките. Пилешкото месо и целерот исечкајте ги на мали коцки.
- Во изладените тестенини додајте ги грозјето, пилешкото месо, целерот, оревите и измешајте.
- Состојките за преливот најдобро е да ги ставите во тегла со капак и да ги измешате. Потоа преливот додајте го во садот со тестенините и кратко измешајте.
- Подготвената салата најдобро е да ја оставите околу 30 минути во фрижидер, а можете и да ја послужите веднаш. На здравје!
Совети плус:
- Доколку ви е јака аромата на целерот може да го замените со млад кромид.
- Ако немате варено пилешко месо може да користите пилешки гради или шунка.
- Ви се допадна оваа салата? – Повеќе рецепти и интересни идеи, погледнете на веб страницата на Сика и следете ги на нивните Инстаграм профил – @sika spices и Facebook фан страница.
Ви препорачуваме да прочитате: Мексиканска салата со тестенини.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Спонзориран рецепт.