Рецептот за оваа кремаста торта е традиционален и многу често се подготвува во Турција. Кога ни се обративте дека би сакале да знаете како може да го направите, се потрудивме да го преведиме за да биде лесно достапен за сите нас, а вас останува само да го направите и да уживате во чудесниот вкус. За овој кремаст специјалитет потребна ви е тава за печење со димензии 24х36 см.

Состојки:
За темен слој:
- 300 гр брашно
- 160 гр шеќер
- 80 гр путер
- 15 гр на какао
- 1 лажичка сода бикарбона
- 2-3 лажици кисела павлака
За светол слој:
- 150 гр брашно
- 80 гр шеќер
- 40 гр путер
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1-2 лажици кисела павлака
За фил:
- 750 гр несолена изварка
- 100 гр путер
- шеќер по вкус
- 2 јајца
- рендана кора од лимон
- џем од кајсии
За глазура на најгорниот слој:
- 200 гр бело чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка:
- Измешајте ги сите состојките за филот (освен џемот од кајсии) во посебен сад.
- Од припремените состојки за темниот и за светлиот слој, кои треба да ги сместите во одделни садови, одделно измесете ги добро и формирајте две теста, светло и темно.
- Земете го темното тесто, поделете го на два еднакви дела и од нив измесете тенки правоаголници, или направете еден голем правоаголник, па поделете го на два помали според големината на тавата.
- Површината на тавата посипете ја со брашно.
- Измесениот светол слој ставете го најпрв во тавата (трудете се да биде што порамен за подобар изглед на тортата).
- Врз него намачкајте слој од џемот од кајсии.
- Потоа од горе ставете ја првата темна лента (со форма на правоаголник).
- Врз неа ставете го убаво измешаниот фил и распоредете го рамномерно.
- Филот покријте го со втората темна лента. Доколку сакате може да ја направите тортата помала, но во повеќе слоеви, тоа останува на вашата желба.
- Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути зависно од вашата рерна.
- Откако се излади припремете ја глазурата од бело чоколадо и полејте го врз површината на тортата, а за декорацијата да биде вака совршена турете стопено црно чоколадо по должината на тавата и со помош на чиста чепкалка за заби разнесете го декоративно во две насоки.