Ти треба идеја за брз и вкусен оброк? – Во летните денови поради високите температури сите сакаме лесна храна за која не е потребно многу време за подготовка. Нашата пријателка Анжелика ни предлага одличен летен рецепт кој вреди да се проба. Ладна супа Окрошка, неверојатно вкусна и освежителна!
Дали сте го пробале некогаш овој специјалитет? – Ладна супа Окрошка е познато традиционално јадење на руската кујна и потекнува од регионот на Волга. За време на летниот период не може да се замисли руска трпеза без оваа супа. Секогаш се служи ладна, а ако времето е многу топло, понекогаш, се додаваат и коцки мраз на сервираните порции.
Може да ве интересира и: Ладно предјадење – жетварска чорба.

Состoјки:
- 50 г чајна
- 100 г шункова салама
- 100 г чаден колбас
- 1 л јогурт
- 1 краставица
- 5 компири
- 3 јајца
- сенф
- магдонос
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Компирите и јајцата сварете ги, а потоа исечкајте ги на коцки. Жолчките ставете ги во посебен сад и тргнете ги на страна.
- Сувомеснатите производи и краставицата, исто така, исечкајте ги на коцки.
- Потоа, сите состојки ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со јогурт. Измешајте.
- Во посебен сад, изгмечете ги жолчките со помош на виљушка и додајте сенф. Убаво измешајте и додајте ги во супата.
- Ставете сол и црн пипер по вкус и измешајте. Магдоносот ситно исечкајте го и додајте го во супата.
- Ставете ја супата во фрижидер да се излади, а потоа послужете ја. На здравје!
Совет плус:
- По потреба, намалете ја или дуплирајте ја наведената количина на состојки.
Автор на рецептот: Анжелика Димовска (Anzelikagotvi).
Ви препорачуваме да прочитате: Здрави вафли со сладолед од банана.