Нешто топло, лесно и со многу зеленчук! Сезоната за вкусни и едноставни рецепти е отворена, па да направиме домашна чорба од зеленчук. Густа, фина и богата!
Рецептот го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, а веруваме дека ќе ви годи ако го пробате.
Може да ве интересира: Струмичка зеленчукова тава – Имам бајалди.

Состојки:
- 1 средно голема главица кромид
- 2-3 домати
- 2 моркови
- 3 компири
- 1 мала шолја грашок
- неколку свежи листови зелка
- 1 и 1/2 лажица брашно
- 1 лажица ситна црвена пипер
- сол, црн пипер, темјан по желба.
Подготовка:
- Кромидот ситно исечкајте го и запржете го во малку масло.
- Доматите излупете ги, исечете ги на коцки и кратко запржете ги со кромидот.
- Додајте ги морковите и компирите, претходно исечени на коцки, грашокот, зелката.
- Додајте вода, додајте ги зачините и гответе додека омекнат. На крајот од варењето, додајте го брашното, претходно разматено со ладна вода.
- Варете ја чорбата уште кратко, па послужете ја додека е топла. На здравје!
Ви препорачуваме да прочитате: Шакшук – тава од зеленчук.