Ако ви се допадна нашиот предлог за макарони со кари и лосос, значи и вие како нас обожавате да експериментирате во кујната и да пробувате нови интернационални специјалитети! Уникатно и прекрасно изгледаат, а посебно интересна им е бојата. Додатоците ја прават комбинацијата уште повкусна и подобра за сервирање. Вреди да се проба.
А, Невена со задоволство ни сподели еден семеен момент:„Идејава за ручеков беше на ќерка ми, рецептот го нашла на интернет и и било интересно варењето на макароните во водата со кари и жолтата боја, па реши да ни ги зготви. 🙂 “. Нам ова ни значи и со радост го споделуваме рецептот со вас.

Состојки:
- 250 гр макарони
- 150 гр чаден лосос
- 100 гр замрзнат грашок
- 1/2 главица кромид
- 5-6 листови босилек
- 1 лажица кари
- масло по потреба
- сол и црн пипер по вкус.
Подготовка:
- Во тенџере ставете ја водата вода да зоврие. Откако ќе зоврие додајте го кари зачинот и макароните.Оставете ги да се варат за времето означено на паковката, а потоа исцедете ги.
- Во меѓувреме грашокот малку сварете го да омекне, околу 5 минути и оставете го на страна. Доколку користите од конзерва само исцедете го од водата.
- Кромидот треба да биде исечкан на тенки, долгнавести парчиња. Во тава со масло пропржете го додека стане стаклест.
- Додајте ги сварените макарони, грашокот, лососот искинат на парчиња, босилекот и измешајте ги.
- Додајте сол и црн пипер по вкус. Послужете ги веднаш, по желба посипани со пармезан. На здравје!
Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.
Ви препорачуваме да прочитате: Макарони во сос со печурки и чадено месо.