Уште еден фантастичен рецепт од групата Сѐ за храна ни го привлече вниманието. Овие преубави мафини со ванила путер крем се дело на нашата активна членка Ана Наумовска. Направени со голема љубов која може да се види на фотографиите. Ако обожавате ванила и мафини ова е рецепт кој вреди да го пробате во првата прилика.
„Нежни и убави, подготвени со многу љубов” – вели Ана Наумовска која го сподели овај супер рецепт. Во продолжение погледнете кои состојки ви се потребни за да ги направите вкусните мафини.

Состојки:
- 125 г путер на собна температура
- 125 г шеќер
- 2 јајца
- 200 г брашно
- 150 мл млеко
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1/2 ќесичка прашок за печиво
За декорација:
- 250 г путер на собна температура
- 3 чаши шеќер во прав
- 1 лажица ванила екстракт
- 1-2 лажици млеко.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете ги путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер и изматете ги. Јајцата додавајте ги едно по едно.
- Брашното со печивото измешајте ги. Во садот со јајцата додајте го млекото и постепено додајте од смесата со брашно и печиво. Измешајте со лажица за да се соединат состојките.
- Вака подготвената смеса распоредете ја во калапи за мафини и печете ги на 180 степени во претходно загреана рерна околу 20 минути.
- За декорација, путерот добро изматете го и постепено додавајте од шеќерот во прав. На крај додајте ја ванилата, млекото и прехрамбена боја (доколку сакате шлагот да биде во боја).
- Добро изматете додека се добие мазен крем.
- Печените и изладени мафини, декорирајте ги со претходно подготвениот шлаг. На здравје!
Автор на рецептот: Ана Наумовска.
Ви препорачуваме да прочитате: Сочни мафини со цреши.