Ако ви се допаѓа вкусот на јаболката во колачи и аромата на цимет, ви предлагаме да го пробате рецептот за мафини со јаболка, кој сигурно ќе ве воодушеви. Сочни и вкусни, идеални за секоја пригода.
Мафини е американско-англиско име за брз леб што се пече во мали порции. Постојат многу форми на мафини, а може да бидат солени или слатки. Рецептот за малите, сочни мафини со јаболка кои се топат во устата ни го испрати Катерина, а ние и благодариме и го споделуваме со вас. Сигурни сме дека вкусот ќе биде одличен, па ајде да ги пробаме!

Состојки:
- 2 помали зелени јаболка
- 1 јајце
- 100 гр шеќер
- 80 мл масло
- 150 мл сок од јаболко
- 240 гр брашно
- ½ ќесичка прашок за печиво
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- цимет по желба.
Подготовка:
- Во длабок сад ставете го јајцето и шеќерот. Со жица за матење убаво изматете ги, а потоа додајте ги маслото, сокот од јаболка и пак промешајте ја смесата.
- Прашокот за печиво измешајте го со брашното и постепено додајте го во смесата со јајцето и шеќерот.
- На крај додајте ги јаболката изрендани на тенки ленти и циметот. Убаво измешајте ја смесата .
- Калапот за мафини премачкајте го со масло и во секоја празнина ставете од смесата.
Мафините печете ги во загреена рерна на 180 степени, за време од 15 до 17 минути. - Печените мафини со јаболка и цимет оставете ги да се изладат, а потоа послужете ги. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска