џем од јагоди

Направете дома џем од јагоди за 10 минути

За само 10 минути можете да направите превкусен џем од јагоди. Пробајте го овој брзински рецепт и уживајте во неизмерно убавиот вкус!

џем од јагоди

Состојки:

  • 700 гр јагоди
  • 150 гр шеќер
  • 1-1,5 лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2 лажички екстракт од ванила (по желба).

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги јагодите, па отстранете им ги дршките и исечете ги на парчиња со средна големина.
  2. Така припремените јагоди ставете ги во тенџере и додајте го шеќерот. Покријте со капак и почекајте да зоврие.
  3. Промешајте неколку пати и почекајте да се створи бела пена која можете да ја отстранете со лажица. Варете околу 10 минути, сметајќи од моментот кога смесата почнала да врие.
  4. Во последните 2 минути од варењето додајте го сокот од лимонот и измешајте. По желба додајте го и екстрактот од ванила.
  5. Добиениот џем од јагоди складирајте го во стаклени тегли или пластични садови и чувајте го во фрижидер најдолго 2 седмици. Доколку го ставите во ќеси за замрзнување и го замрзнете, можете да го чувате и до година дена. Одмрзнатиот џем од јагоди смее да се чува во фрижидер најдолго 1 недела.

Експресно се прави и тоа дома и лесно може да го подготвите самите, а уште побрзо се јаде. Нека е на здравје!

Сподели: