домашни пуканки

Направете совршени домашни пуканки

За пуканките се вели дека се супер здрави грицки, но тоа се однесува само на домашно приготвените пуканки. Пуканките кои се приготвуваат во микробранова печка најчесто содржат поголем број на адитиви и затоа ве советуваме да си направите сами домашни пуканки.

Често ви се случува пуканките да ви загорат на тенџерето или да не испукаат? Постапката за подготовка на домашни пуканки е лесна, а тајната и рецептот ви ги претставуваме на следното видео.

Состојки:

  • ½ чаша пченка за пуканки
  • 2 до 3 лажици масло од маслодајна репка или растително масло.

Подготовка:

  1. Во големо тенџере ставете го маслото и добро разнесете го низ целата површина. Многу е важно маслото да биде низ целата површина, затоа што во спротивност пуканките ќе изгорат. Најдобро е да користите масло кое има висока точка на вриење, како масло од маслодајна репка или сончогледово масло, а не се препорачува да се користи маслиново масло.
  2. Тенџерето ставете го на оган, на средно висока температура и ставете две зрна од пченка. Штом зрната ќе се направат како пуканки, маслото е доволно жешко за да добиете совршени пуканки.
  3. Зрната пченка ставете ги во тенџерето и добро распоредете ги, така што ќе имате еден слој. Тенџерето затворете го капак.
  4. Штом ќе слушните дека неколку зрна испукале, добро протресете го тенџерето.
  5. Ставете го тенџерето 10 секунди на оган, а потоа дополнително 10 секунди протресете.  Оваа постапка со протресување на тенџерето ќе овозможи пуканките да не се залепат и загорат, а потребни ќе ви бидат две минути.
  6. Штом слушнете дека зрната од пченка пукаат бавно, исклучете го шпоретот и добро протресете го тенџерето додека последното зрно испука. Потоа, капакот извадете го и пуканките ставете ги во чинија. Уживајте!

Ви предлагаме да прочитате: Кои се придобивките од консумацијата на пченкарно брашно?

Сподели: