брза чоколадна торта за 5 минути

Направете чоколадна торта за 5 минути

Ви се највиле гости, а немате многу време да припремите нешто вкусно? Имаме супер решение за вас. Сега може да направите чоколадна торта за 5 минути! Не ви се верува? Погледнете го видето и следете ги инструкциите.

Ние го имаме испробано овој рецепт повеќе пати и можеме да кажеме дека е одличен, па топло ви го препорачуваме и вам да го направите кога имате малку време на располагање, а ви се каснува нешто благо. Ние ви препорачуваме ако сакате кексот да биде помек и да нарасне може да додадете и една третина од ќесичка прашок за печиво. А исто така може да направите замена и да ставите 5 лажици млеко и 1 лажици масло.

Состојки:

  • ¼ чаша брашно
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици какао
  • 1 јајце
  • 3 лажици млеко
  • 3 лажици масло.

Подготовка:

  1. Во длабок сад ставете го брашното, шеќерот и какаото. Измешајте ги убаво.
  2. Потоа во садот додајте ги млекото, јајцето и маслото, и добро измешајте ја смесата за да се изедначат состојките.
  3. Чоколадната смеса ставете ја во намрсен керамички сад, а потоа печете ја во микробранова печка за време од 3 до 4 минути. Чоколадната торта извадете ја од микробрановата печка и проверете дали е печена со помош на чепкалка. Потоа, извадете ја од керамичкиот сад и ставете ја на чинија за служење. По желба печената чоколадна торта за 5 минути премачкајте ја со растопено чоколадо, мармалад, чоколаден прелив или наросете ја со шеќер во прав. На здравје!

Сподели: