Сте пробале ли торта со диња? Ако вашиот одговор е не, тогаш ова е супер прилика да си направите нешто вкусно, брзинско и без печење.
Сите сакаме да каснеме нешто благо, а во лето ретко кој има желба и време да помине неколку часови во кујната приготвувајќи десерт. Затоа предност им даваме на непечените торти кои се едноставни за подготовка, но и многу вкусни.

Состојки:
- 1 кг излупена диња
- 1 кг бисквити
- 3 шаки мелени ореви
- 250 гр путер на собна температура
- 200 гр шеќер во прав
- 500 мл слатка павлака.
Подготовка:
- Дињата излупете ја, а потоа изрендајте ја на крупната страна од рендето.
- Ренданата диња ставете ја во длабок сад. Во садот додајте ги и мелените ореви.
- Бисквитите сомелете ги и измешајте ги со дињата и мелените ореви.
- Путерот ставете го во сад за матење. Додајте го шеќерот во прав и пенесто изматете го со миксер. Смесата од путер и шеќер додајте ја во садот со дињата и бисквитите.
- Убаво измешајте.
- Смесата распоредете ја во правоаголен плех.
- Слатката павлака ставете ја во сад за матење. Изматете ја со миксер за да се добие густ шлаг.
- Врз смесата од диња нанесете ја изматената слатка павлака.
- Посипете со сечкани ореви и оставете во фрижидер неколку часа да се стегне убаво. Потоа исечете парчиња по желба и послужете ја тортата. На здравје!
Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.
Ви предлагаме да прочитате: Непечена торта со бисквити – бела чоколадна салама.