„Ова е мојот омилен рецепт за пченица со ореви и цимет кој долги години го правам. Моите пријатели Сончева долина ми испрати ја пакетче со производи и ме предизвикаа да приготвам нешто вкусно. Производите ги искористив за нашата куќна слава, а секако задолжителен дел од трпезата е и пченицата со ореви. Ја имам сервирано и како бомбици, оваа година и во чашки, а е омилен десерт и на гостите.
Ви снимив и кратко видео од подготовката, па верувам дека ќе ви користи за славите кои доаѓаат, како и да ве инспирирам за десерт за време на постите.“ – вели Марија Кочовска, фудблогер и уредник од нашиот тим.

Состојки:
- 500 г пченица од Сончева долина
- 150 г ореви
- кора од 1 лимон
- 50 г шеќер во прав од Сончева долина
- 30 г лебни трошки од Сончева долина
- ½ ќесичка цимет од Fantasia
- 1 ќесичка ванилин шеќер од Fantasia.

Подготовка:
- Пченицата измијте ја и ставете ја во тенџере со вода преку ноќ. Наредниот ден, пченицата исцедете ја и додајте нова вода во тенџерето. Варете ја на средна температура додека омекни. Варената пченица исцедете ја.
- Оревите потпечете ги и исечкајте ги.
- Лимонот ставете го 10-20 минути во раствор од сода бикарбона и вода. Измијте го и изредајте ја кората на ситната страна на рендето.
- Во длабок сад ставете ги пченицата, сечканите ореви, кората од лимон, циметот, ванилиниот шеќер, шеќерот во прав и лебните трошки. Измешајте добро. Пченицата ставете ја во чинија или чаши. Формирајте ја и обложете ја со лебни трошки. На крај со помош на цедилка наросете шеќер во прав. Пченицата може да ја послужите како дел од славската трпеза или да се засладите со посен и вкусен десерт. Погледнете го видеото и следете ги чекорите.
Совети плус:
- Ако сакате да правите бомбици, варената пченица може да ја помините низ машина за месо или да ја ставите во сечко. Исто, може добро да ја изгмечите со раце. Ако сакате да остане во цели зрна, мешајте само со лажица.
- Ако спремате пченица за слава, од хартија исечете форма на крст. Штом врз пченицата ставите лебни трошки, ставете ја хартијата и со цедилка наросете шеќер во прав. Потоа внимателно отстранете ја хартијата.
- За поздрава варијанта, наместо шеќер во прав, додајте мед.

Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска, @kocovska.marija.
Ти се допадна овој рецепт? Погледни ги и брзите и здрави мафини со јаболка и цимет – без глутен, шеќер и млеко од кујната на Марија.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Рецептот е поддржан од Сончева долина.