На 23 Февруари во просториите на Американското катче во Битола, основачите на sezahrana.mk одржаа предавање за подобрување на животот на тема „Здрава храна за здраво срце“.
Модератори на предавањето беа М-р Катерина Шамбевска и М-р Марија Кочовска. Целта на настанот беше да се одбележи Февруари како Месец на срцето и да се поттикнат семејствата и поединците да направат мали промени во секојдневните навики и животниот стил во насока да го подобрат здравјето. На предавањето беа споделени голем број на совети за правење на мудри избори на храна, креирање на квалитетни дневни мениа и готвење со здрави состојки. Во текот на предавањето и на крај имаше можност за прашања, па се разви одлична дискусија со посетителите.

Ние од Сѐ за храна се заблагодаруваме на Американското катче за соработката и се надеваме на уште многу други едукативни предавања за храната во иднина.
Во склоп на предавањето ви предлагаме да прочитате: Лековит напиток за здраво срце стар 800 години.